ФОНДОТ ДЕНЕСКА ТОЧНО ЌЕ КАЖЕ - исплатата на штедачите од Еуростандард банка почнува идната недела
Објавено во: Финансии 09 Септември, 2020
Фондот за осигурување депозити денеска ќе ги извести штедачите на Еуростандард банка кога тично ќе почне обесштетувањето преку четирите банки, Комерцијална, Стопанска банка Скопје, НЛБ банка и Халк банка.
Според нашите сознанија, исплатата би почнала најверојатно во среда идната недела, но можно е да биде и ден или два порано, односно понеделник или вторник.
Нашите информации говират дека списоците со штедачи, односно кои штедачи преку која банка ќе се исплатуваат, Фондот за осигурување депозити денеска ги испратил до четирите банки.
Н.Н.Ф.