26 Април, 2024
0.0271

Инспирирај, мотивирај, создавај!

ФОНДАЦИЈАТА „Д-Р МИХАИЛ ЛЕВЕНСКИ“, ДАРИ ПЕТСТОТИНИ ПРИМЕРОЦИ ОД КНИГАТА „КАКО ДА СТАНАМ СВОЈ“, НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА СО ИМЕ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“, КАКО АМАНЕТ ОД ЛЕВЕНСКИ, А ВО ЧЕСТ НА 100-ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА КОНЕСКИ

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Во чест на 100-годишнината од раѓањето на втемелувачот на македонскиот литературен јазик, Фондација „Д-р Михаил Левенски“, заклучно со вчера, 14 јуни, реализираше неколкудневен проект во кој беа опфатени основните училиштата со име „Блаже Конески“, ширум нашата татковина.  

„Д-р Левенски, низ збор и дела настојуваше да се поддржат и поттикнат младите, со цел да се придонесе да го бараат и најдат своето место и да го препознаат, вреднуваат и надградуваат своето „сè“.  Овие книги се негов аманет и со голема радост и гордост ги даруваме. Со овој дар изразуваме почит и кон наставниот кадар и вработените во училиштата, за нивните заложби за едукација и градење здрава младина којашто понатаму ќе инспирира, мотивира и создава, негувајќи го литературниот македонски јазик и продолжувајќи го името и делото на својот патрон,Блаже Конески.“ – изјави претседателот на Фондацијата, Никола Левенски Миљаниќ, којшто заедно со актерката Драгана Левенска и други членови на семејната Фондација, го осмисли и реализираше проектот.

Фондацијата изразува благодарност, за  препознавање на вредноста на проектот и сесердната поддршка, до директорите на основните училишта: Ангелка Баракоска – О.У. „Блаже Конески“ во Прилеп; Сузана Настовска – О.У. „Блаже Конески“ во Скопје;  Јованче Манасков – О.У. „Блаже Конески“ во Велес и Зурат Куртовски – О.У. „Блаже Конески“ во с.Скудриње, Општина Маврово-Ростуше. Посебна благодарност упатува до психолозите, педагозите, македонистите и библиотекарите, со чијашто помош беше реализиран овој проект со којшто одбележуваме ново пријателство меѓу Фондацијата и училиштата.

Училишните библиотеки и сите полуматурантите од основните училишта „Блаже Конески“ во Велес, Скудриње, Прилеп и Скопје, добија на дар, вкупно 500 примероци од книгата „Како да станам свој“ од областа на психопедагогија, којашто д-р Михаил Левенски ја посвети токму на младите.  Проектот се одвиваше со директна посета на училиштата од страна на тимот на Фондацијата, низ срдечни средби и разговори со раководниот и наставниот кадар, како и со учениците, секаде согласно протоколите, концептот и можностите: во училишни дворови, на игралишта или во големи училници, сали и поливалентни простори. Со оваа донациија, сите полуматуранти заедно со сведителството добија по една книга, со надеж дека таа ќе стане еден од нивните најдобри пријатели со којшто полесно, посигурно и погордо ќе се пробиваат по патот на себеосознавањето и себеизградувањето.

__________________________________________________________________________________

Д-р Михаил Левенски (1942-2010), психијатар и писател: поет, раскажувач и драматург. Автор е на голем број литературни дела, радио и ТВ драми и сценарија за филмови како на книгата „Како да станам свој“ – посветена на младите за себеизградување, мотивација и себереализација.  Д-р Михаил Левенски е докажан хуманист, поборник за вистина, правда и човеково достоинство.

Фондацијата „Д-р Михаил Левенски“, основана во 2012 година од неговото семејство,  продолжува да делува на полето на „човекољубие и природољубие“, под слоганот „Инспирирај, мотивирај, создавај“!

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет