Фолксваген нема да гради фабрика во Турција, имаат добра причина
Објавено во: Економија 15 Октомври, 2019
Германскиот произведувач на автомобили Фолксваген нема да инвестира во Турција.
Инвестицијата вредна милјарди евра е откажана. Според планот, требаше да се гради нова фабрика во близина на турскиот град Измир, но поради воената офанзива на Турција на северот на Сирија таа е откажана. Ова го соопшти денеска портпаролот на компанијата.
„Управата на концернот ја одложи конечната одлука за новиот производен погон. Фолксваген внимателно ја следи ситуацијата и е загрижен околу развојот на настаните“ - соопшти портпаролот на германската компанија.
Откажувањето на изградбата е поради влегувањето на турски трупи во северна Сирија.