29 Март, 2024
0.0288

ФОКУС НА ДЕНОТ: Жени му се жалеа на Заев дека ништо не направиле во Волково, што ќе се случи со аболициите на Иванов?

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Повозразни припаднички на понежниот пол како локални жители вербално го нападнаа премиерот Зоран Заев и не дозволија брзо да започне сесијата на новинарски прашања на брифингот по повод увидот на градежните работи за изведба на спортската сала при ООУ ,,Јоаким Крчовски’’ во село Волково.

Жените се втурнаа со прашања за тоа кога ќе биде готова канализацијата за која дале пари за нејзина изградба пред три години и кога ќе бидат асфалтирани калливите улици во оваа периферна населба.

Заедно со Заев беа и заменик министерката за образование Елизабета Наумовска и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Законодавно - правната комисија на вчерашната седница во Собранието заклучи дека нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. Единствена точка на дневниот ред беше барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велков од СДСМ.

Ова следуваше откако Уставниот суд минатата недела одлучи да ја стави на дневен ред иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување. Со ваквата одлука на уставните судии се отвори можноста да се вратат во сила помилувањата кои ги даде поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов, а подоцна ги повлече.

Унгарскиот азилант и поранешен премиер на земјава, Никола Груевски, повторно бранува од Будимпешта. Тој демантира текст што го причитал, вели, во некои медиуми, а е поврзан со замислата на Владата што ја предводел за креирање на меѓународна финансиска зона во Скопје. Текстот, според него, изобилува со многу неточни работи и информации.

Инаку, Груевски со својот прилично долг статус на Фејсбук покажа дека се уште не е уапсен, како што тврдеше српски политичар, туку е на слобода. 

А во својот текст поранешниот премиер никаде не кажува, ниту реферира кој е тој неточен текст, и каде е објавен

Премиерот Зоран Заев по враќањето од Самитот на НАТО во Лондон денеска изјави дека е прифатлива иницијатива поднесена до Владата од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која бара во најскоро време во Собранието да се достави предлог-законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членство во НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ предлогот на нивниот лидер Христијан Мицкоски, да се изгласа ратификацијата со одложено дејство, по примерот на Црна Гора, го преточи во иницијатива. Со ваквиот чекор според ВМРО-ДПМНЕ треба да се запре евентуално одложување на предвремените парламентари избори

Од први јули идната година нема да има бугарски пензионер што ќе зема пензија пониска од 130 евра. Пратениците во бугарскиот Парламент одлучија дека минималната пензија во оваа соседна држава, според стаж и старост, од средината на 2020 година ќе изнесува 250 лева, што е рамно на 130 евра

Нема полициска акција, туку контрола од двајца инспектори на МВР на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата, известија попладневно од компанијата Монт, дел од Орка холдинг. Некои медиуми јавуваа за полициска акција во фирмата на Орце Камчев поврзана со финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ за последните претседателски избори

Македонија има свое село на штркови.

Maла општина во источниот дел на државата во европски рамки е мапирана како место со голем број штркови.

Се работи за Чешиново – Облешево. Оваа година во општината  има околу 100 активни гнезда, наведуваат од локалната самоуправа.

Двете казина на македонско-грчката граница и „Контихидропласт“ прават поголем приход од другите гевгелиски и богдански фирми заедно. Таква е структурата на економијата во најјужниот регион. Реално според бројот на жители (кој не надминува 15.000 н.з.) Гевгелија има многу повеќе фирми што вртат милиони евра од поголеми македонски градови.

Државата успеала да собере во буџетот над девет милијарди денари како приход од данокот на добивка од почетокот на годината до крајот на септември. Во овие девет месеци значи сумата изнесува околу 148 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара