23 Април, 2024
0.1407

ФОКУС НА ДЕНОТ: Жена загина во сообраќајка, запалени автомобилите на Сузана Турунџиева и Ребека

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Автомобилот „Мини купер“ на пејачката и водителка Сузана Турунџиева било опожарено вчера околу 3 часот. Огнот го зафатил и возилото во сопственост на Р.Ј.Р за кое се тврди дека е на пејачката Ребека Јанковска Ристески. Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот.

„На 16.01.2020 околу 03 часот во СВР Скопје пред трговски центар на булевар „8-ми Септември“ бил пријавен пожар во патничко моторно возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(51) од Скопје, а огнот зафатил и патничко моторно возило „шевролет орландо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.Р.(49) од Скопје, велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје

Немам непријатели, нерасчистени сметки и недоразбирања, изјави Сузана Турунџиева за Женски магазин, откако ноќеска и изгоре автомобилот „мини купер“. МВР потврди дека освен на Турунџиева нецелосно изгорело и возилото на пејачката Ребека Јанкоска Ристески кое било паркирано веднаш до тоа на Турунџиева

Нов случај со измамник го тресе Кавадарци.

Откако измамник измамил такси компанија од Кавадарци и ја оштетил со 18.000 денари, истиот олеснил и сопственици на репрезентативен објект за 20 илјади денари.

Тој ги излажал дека ќе одржува семинар во нивниот објект а според кажаното од сопственичката на објектот, со нив преку телефон, вибер и мејл контактирало лице кое се претставило како менаџер на позната компанија од југот на државата.

38 годишната жената која беше тешко повредена во верижниот судар, на автопатот Велес – Скопје, почина нешто по 15 часот, на КАРИЛ, поради тешки повреди на главата. Лекарите велат дека била под постојан надзор, но не успеале да ја спасат.

Во сообраќајката полесно се повредени уште тројца патници, а во верижниот судар учествуваа шест возила.

Претседателот на Демократската Унија за интеграција, Али Ахмети вели дека порано му била понудена поделба на Македонија врз етнички линии, но дека ја одбил таквата понуда.

Нема ни трага ни глас од владините инвертори. Иако власта неодамна вети дека ваучерите за купувањето на овие уреди ќе стигнат на средината на месецов, тоа не се случи, ниту пак, се знае кога точно тие би можеле да дојдат во рацете на граѓаните

Компјутери, монитори, лаптопи, принтери фотокопири - долга листа на електронска опрема која до сега ја поседува Министерството за финансии а која е дотраена планирано е да биде рециклирана. Ресорот со кој раководи Нина Ангеловска објави  јавен повик за избор на фирма која врши дејност или поседува дозвола за собирање и транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад за движни ствари која ќе ја собере сета електронска, електрична и информатичка опрема од Министерството и ќе ја рециклира.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу