25 Април, 2024
0.0311

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев најави брзи избори, ВМРО-ДПМНЕ прифати

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека во Брисел ни направија голема неправда, а ЕУ не остана на ветеното. 

Најави организирање брзи предвремени избори, на кои граѓаните ќе донесат одлука во кој правец ќе се движи Македонија.  Oва ќе го изнесе утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски. 

Заев се заблагодари на сите европски лидери кои се бореа да се додели датум за Македонија. 

„Факт е дека ние сме жртви на историска грешка на ЕУ, и тоа предизвикува кај сите нас огромна огорченост, и јас сум разочаран“, рече Заев. 

Вели дека ваква одлука е донесена поради нерешени работи во ЕУ. 

„Европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен“, изјави Заев. 

Побара сите двојно повеќе да работиме за да имаме европска земја

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го прифати предлогот на премиерот Зоран Заев за брзи предвремени парламентарни избори, но не е сигурен дали премиерот ќе го одржи дадениот збор.

Мицкоски се надева дека на утрешната лидерска средба ќе се постигне договор за избори.

Тој прифаќа избори веднаш со почитување на законите за формирање на техничка влада.

Вели дека откако ВМРО - ДПМНЕ ќе ја формира новата влада ќе мора да го почитува Преспанскиот договорот, како што вели неправдата која друг ја донел, ќе ја исправат со обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието.

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека изборите се најдобро решение, по недобивањето на датумот за започнување на преговорите. Вели дека од недобивањето датум, не треба да се разочаруваме, туку да се организираме и да бидеме поуспешни во почнатите реформи.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот