28 Март, 2024
0.0271

ФОКУС НА ДЕНОТ: За Димитров еден услов е многу важен за датум, стартува поврат на ДДВ

Објавено во: Македонија 19 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Никола Димииторв, министерот за надворешни работи, на втората пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија, по вчерашните заклучоци од министерскиот Совет во Луксембург реле дека во октомври ниту една земја-членка нема да има изговор да биде против доделувањето датум за преговори.

- Убеден сум дека на есен ова ќе биде уште потешко. Пред нас имаме  два и пол месеци и треба да се фокусираме на една задача што не ја завршивме докрај, а тоа е иднината на СЈО преку донесување на двотретинскиот закон за јавно обивнителство. Тоа ќе ни помогне да нема никакво оправдување за ниту една земја членка во септември-октомври годинава, рече министерот Димитров.

Земјите членки на ЕУ вчера одучија за отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија да  се навратат најдоцна во октомври 2019 година. Сепак, земјите членки не успеваат да се договорат за датум за почеток на преговори, и повторно ветуваат да се навратат на ова прашање најдоцна во октомври годинава.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Топ тема на Телма вечерва изјави дека има разлики во ЕУ во однос на соседна Албанија. 

Тој кажа дека патот кон ЕУ бил многу „поширок и порамен“ кога не бевме ние спремни да одиме напред. 

Димитров додека дека сме изгубиле 14 години. 

Ни фали едно делче за да не може да имаат оправдување за одлагање на датумот, смета тој. Тоа е законот за СЈО. 

Министерот вели дека на скептичните треба да им се даде надеж со тоа што СЈО ќе продолжи да работи. 

„Како држава, како партија, како одговори луѓе, мора ова да го решиме“, рече министерот. 

Но, додаде дека политички тоа воопшто не е лесно. 

Премиерот Зоран Заев денеска го демантираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој на Твитер објави дека министри за надворешни работи на седум земји-членки на ЕУ биле против доделувањето на Датум за преговори за Македонија од страна на унијата на вчерашниот состанок на Надворешниот совет во Луксембург.

- Прв пат слушам за тоа дека седум земји биле против отпочнување на преговорите. До сега немам таков податок - рече Заев.

Премиерот Зоран Заев, министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, денеска го најавија стартот на проектот за поврат на 15 отсто од ДДВ кај граѓаните од 1 јули, а првата исплата на нивните трансакциски сметки ќе биде во декември. Едно четиричлено семејство нема да може да добие поврат поголем од 28.800 денари, односно најбогатите тука ќе бидат ограничени.

„Важно е  дека оваа мерка ќе биде еднаква за сите, односно ќе има лимит за богатите. Секој може да си направи математичка пресметка. Секој ќе добие 27 денари на платена сметка од 1.000 денари.Тоа се 15 отсто од платен ДДВ од 18 отсто на фискална сметка. Проценките се дека даночната евазија е 30 отсто, сега ќе биде помала. Исплатата е дури во декември за да ги тргнеме сите недостатоци кои би се појавиле, иако верувам дека системот е многу добро поставен. Најдобро е секој да си има своја евиденција, но доколку некој не може да се снајде со сметките, може да му ги дава на роднина или друг близок и да побара помош од него. Важно е да не се остави простор на сивата економија, која реално прави огромни штети. Нашите пресметки се дека кај граѓаните на овој начин ќе се вратат 50 милиони евра според нашата проекција на буџетот. Овое средства ќе бидат силна мотивација за граѓаните, бидејќи знаат дека со овие дополнителни средства ќе решат одредено буџетско прашање, како напривен снабдување со огрев за грејната сезона“, рече премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија