26 Април, 2024
0.0291

ФОКУС НА ДЕНОТ: Сугарески: Се гради како никогаш досега - Втор ден од Г-7самитот

Објавено во: Македонија 25 Август, 2019

Добивај вести на Viber

* Сугарески: Досега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта

Првиот човек на министерството за транспорт и врски преку прес конференција истакна дека во моментот се гради насекаде низ земјава како никогаш досега. Министерот, Горан Сугарески рече дека досега се изградени и рехабилитирани преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.

„Го завршивме автопатот Миладиновци- Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатот мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари. Ги решивме сите недоследности и пропусти што ги наследивме од ВМРО-ДПМНЕ и го пуштивме во сообраќај и автопатот од Демир Капија до Смоквица“, вели Сугарески.

* Ахмети : Случајот „Рекет“ темелно да се истражи,одговорност за сите што направиле криминал

„ Нашиот народ има еден израз, извонредна филозофија – алчност расипува секого. Мислам дека тука се работи за алчност. Не се работи за сценарио, според моја проценка“ рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во својата прва изјава за случајот „Рекет“.

Ахмети рече дека кој и да е вклучен во овој скандал треба да одговара пред правдата. Според него пред лицето на правдата треба да биде изведен секој што ги прекршил законите.

* Рахиќ: Јанева е во посебен одел во Истражниот Затвор Скопје

„Госпоѓа Катица Јанева не е во женско одделение, таа е во еден посебен оддел каде што според безбедносната проценка на затворската управа има друг третман, од безбедносен здравствен и секаков друг аспект“, истакна директорот на Истражниот затвор Скопје во Шутка, Есад Рахиќ, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Директорот рече и дека Специјалната Јавна обвинителка е само во посебниот одел во Шутка, поради тоа што станувало збор за личност која била специјален јавен обвинител, за да се направи комплетна безбедносна и здравствена проценка и госпоѓата да биде сместена на адекватно место.

* Трамп размислува да ја покани Русија на следниот самит на Г-7

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави во Бијариц дека е „можно“ тој да ја покани Русија да се врати на годишниот самит на индустријализираните земји следната година кога е домаќин на самитот на Г-7.
Во изјавата за време на работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на митингот Г-7 во Бијариц, Франција, Трамп рече дека размислува да испрати повик до рускиот претседател, Владимир Путин.

Русија беше член на групата тогаш наречена Група Осум, но повеќето земји учеснички ја отфрлија Русија во 2014 година, поради Украина. 

* Џонсон: Неизвесно е дали Велика Британија ќе ја напушти Европската унија без договор

Премиерот на Велика Британија за Би-Би-Си изјави дека напуштањето на ЕУ без договор „сега многу неизвесно“, иако претходно тврдеше дека шансите за напуштање на Унијата без договор се „едно во едно“.
Во интервју за услугата на Велика Британија за време на самитот на Г-7 во Франција, Џонсон рече дека „сега сè зависи од нашите пријатели и партнери во ЕУ“.

„ Мислам дека е неизвесно, но важно е да се подготвиме да заминеме без договор“, рече Џонсон на прашањето на новинарите какви се шансите Велика Британија да го напушти европскиот блок без договор со Брисел.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот