16 Април, 2024
0.0771

ФОКУС НА ДЕНОТ: Одобрено обвинението за „Рекет“, хемикалија истече во Охис

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Кривичниот суд во Скопје го прифати обвинението од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за случајот „Рекет“ со што наскоро може да се очекува да биде одреден датумот за почеток на судското рочиште.

На 10 октомври беше поднесено обвинение за случајот, а обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Според соопштението, отфрлени се приговорите поднесени од осомничените во случајот од страна на Советот за оценка на обвинителен акт

Хемикалијата која се изли во  Охис ќе биде собрана  и безбeдно складирана, вели државниот инспектор за животна средина, Пејо Кировски. 

Тој објаснува дека се работи за вентили кои се стари и по 30 години и затоа хемикалијата протекла од цистерната, но вели дека не е контаминирана почвата и дека не би требало да има последици по здравјето на луѓето. 

„Кога стигнавме имаше миризба како на лепило и смола, но хемикалијата до вечер ќе биде собрана и утре јас пак ќе поминам за да проверам дали е во ред“, вели Кировски. 

За тоа дали би следело некаква казна, вели дека ќе треба да се направат анализи, и да се види кој ќе биде исходот

Излевањето на хемикалија во фабриката Охис во полиција го пријавиле граѓани пред околу три часа, откако почувствувале непријатна миризба, болки во главата и печење во очите и во грлото.

Шефот на грлчата дипломатија, Никос Дендијас се состана со министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, на маргините од Светскиот економски форум во Женева на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан” во светло на неодамнешната одлука на ЕУ да одбие да одреди датум за почеток на разговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Грчкиот министер се осврна на цврстата и постојана поддршка на Грција за европските перспективи на Македонија, истовремено истакнувајќи ја потребата за строго придржување кон условите на Договорот од Преспа во целост.

Владата преку Агенцијата за млади и спорт ја намали проекцијата на сумата што треба да се инвестира во изградба и реконструкција на спортски објекти во 2019. Пред еден месец донесена е одлука до крајот на годината да се потрошат 170,7 наместо 210 милиони денари.

Најголемиот малопродажен ланец за нафтени деривати во периодот јули –септеври (во екот на сезоната за летни одмори кога најмногу се вози н.з.) правел дневен просечен профит од 65.000 евра (што е на ниво на големите домашни банки).

Раст за годинава  од 3,5 проценти и 3,8 отсто за идната година, толку прогнозира Народна банка за македонската економија. Вчера се одржа традиционална прес конференција, на која монетарните власти пред домашната јавност ги соопштуваат клучните макроекономски ноемвриски проекции.

Има ли оправдување на одлуката на Владата да и го „прости“ даночниот долг на ТЕ-ТО и на таков начин да и помогне да остане да произведува и да работи и покрај тоа што станува збор за фирма која е под истрага за перење пари.

Како еден од најзначајните настани во историјата на банкарството во земјава беше означена денешната официјална објава за купувањето на Охридска банка од Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, за сума од 48 милиони евра, со што станува сопственик на 91,57 отсто од акциите.

Бизнисменот Јордан Камчев на кого денеска му истекува времената патна исправа, веќе аплицирал за нова, потврдува за Фактор. До Јавното обвинителство заедно со барањето за издавање на нова патна исправа вели дека доставил докази и документи кои ги потврдуваат сите следни  негови состаноци кои треба да се одржат надвор од државата.

Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница