25 Април, 2024
0.0318

ФОКУС НА ДЕНОТ: Нема нови заразени од корона, 12 луѓе се во изолација

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

НЕМА НОВИ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференија изјави дека пациентката која е заразена со коронавирус се чувствува добро. 

Другите двајца пациенти кои се тестирани, немаат коронавирус. 

Се работи за еден возач, и една жена која допатувала од Италија

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес-конференција изјави дека меѓу 12-те луѓе кои се во изолација, има и две деца на возраст од околу 4 години

Министерот за здравство, Венко Филипче попладнево на Фејсбук соопшти дека лицето за кое се чекаа резултати, не е заразено со коронавирус. 

„Резултатите на лицето пристигнато од Италија, кое се тестираше во изминативе неколку часа на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се негативни на корона вирус. Ова е последното лице за кое се чекаа резултатите и во овој момент нема други лица кои се тестираат на коронавирус“, објави Филипче на Фејсбук

НАСКОРО ЌЕ СТИГНАТ ОБРАСЦИ ЗА ПАСОШИ

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека ситуацијата со патните исправи ќе се стабилизира. 

„Имаме најави за 7 до 10 дена да пристигне првата пратка со патни исправи и во тој дел состојбата со патните исправи ќе се релаксира“ – вели Чулев.

СИЛЕН ВЕТЕР ДУВАШЕ ВО СКОПЈЕ

Постара зграда спроти „Алумина“ во Карпош остана без дел од својата фасада по синоќешниот силен ветер кој дуваше со брзина од 100 километри на час.

Станбениот објект доби нова бесплатна фасада како дел од програмата на општината од 2013 до 2017.

ДОГОВОРЕНА ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА

СДСМ и Движењето БЕСА денеска попладне во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори а беше упатена и заедничка декларација со која се порача дека за прв пат во историјата се создава ваква меѓупартиска коалиција која ќе ги сруши сите етнички бариери во Македонија. Тоа според претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе биде доволно за обезбедување на мнозинство пратенички гласови за формирање Влада по 12 април.

НИ СЕ ЗАКАНУВА МЕДИУМСКИ МРАК?

Од понеделник операторите повеќе нема да ги реемитуваат сите домашни и странски канали освен трите канали на Македонската радиотелевизија (МТВ), дознава Фактор. Одлуката е донесена и своевидниот медиумски мрак ќе стартува од 2 март од полноќ. Здружението на информатичко-комуникациски технологии во кои се обединети сите оператори ова го најави уште во вторникот кога соопштија дека ваквата одлука се должи на новите измени на Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги (ЗААВМУ), што ги донесе Собранието на 16 фeвруари, на денот на распуштањето, по скратена и нетранспарентна постапка и без претходна јавна расправа.

Алатката на Министерството за финансии преку која се гледа кој буџетски корисник колку капитални инвестиции реализирал во текот на секој месец, се покажа како многу корисен и интересен извор на информации.

А таа ни помогна да дознаеме дека во јануари годинава, дури осум министерства не успеале да потрошат воопшто пари од доделените капитални инвестиции. Или, имаат реализација од точно нула отсто од капиталните расходи.

Три меѓународни арбитражни постапки во моментов се водат против Владата за одземени концесии во рударскиот сектор, а одлуките поттикнати од СДСМ им создале правна несигурност на странските инвеститори и покрај отвореноста кон нив и позитивниот меѓународен профил што го прокламира владеачката партија, објави меѓународниот SeeNews.

За 162 милиони евра се намалија девизните резерви на Македонија за еден месец. Во јануари вкупните резерви што ги чува Народната банка изнесуваат три милијарди и сто милиони евра, што што е за над 160 милиони помалку во однос на состојбата на крајот на 2019 година. Резервите ги спласнаа обврските на државата односно потребата Министерството за финансии да врати стар кредит.

Шест битолски хотелски компании оствариле приходи поголеми од 100.000 евра и при тоа оствариле добивки од работењето. Очекувано најголеми се „Епинал“ и „Миленум Палас

Можеби ќе ве интересира

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски