29 Март, 2024
0.0370

ФОКУС НА ДЕНОТ: „Медена земја“ ќе се бори за Оскар, Јакимовски доби отказ од Централен регистар

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Американската филмска академија го номинираше македонскиот филм „Медена земја“ за Оскар во две категории Најдобар документарец и Најдобар странски филм. 

Единствениот македонски филм кој претходно добил номинација за Оскар е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година. Уште еден наш филм, но како југословенски кандидат за најпрестижната филмска награда, беше документарецот „Дае“ на Столе Попов пред точно 40 години.

Доделувањето на престижната награда ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес.

Решение за престанок на работниот однос на Емил Јакимовски кој последните неколку дена е под будното око на јавноста по вулгарното и недолично однесување кон новинари, директор на институција, но и кон градоначалник, добил од директорката на институцијата во која е вработен.

За оваа одлука информираше лично Марија Бошковска Јанковски која соопшти дека оваа одлука доаѓа поради суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар.

Директорката вели дека Јакимовски ги повредил и прекршил одредбите од неговиот Договор за вработување

Томе Мојсовски, советникот на Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објави дека до МВР ќе поднесе кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, откако медиуми објавија аудио-разговор во кој наводно тој комуницира со инспектор од Охрид и бара од него да раскине договор за концесионер на Охридското Езеро.

Поништувањето на лустрацијата легислативно започнува од денеска со ставање на Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките на дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Судијата-поротничка Лилјана Ивановска-Кочковска, која изминатиот период беше цел на закани и јавно препукување помеѓу Кривичен суд и одбраната на обвинетите во случајот „ТНТ“, денеска по втор пат си поднесе оставка, овој пат на самото рочиште по што предметот за насилното рушење на „Космос“ започнува од почеток. Следното судење е закажано за утре.

Премиерот Оливер Спасовски и претседателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев се сретнале со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј. Двајцата се во Истанбул во Цариградската Партијаршија на покана на Патријархот Вартоломеј.

Владата не се откажува од намерата пред изборите да се изгласа законот со кој ќе привлекува стратешки инвеститори. 

Конечно се открија и условите под кои таа планира да донесе во земјава компании кои тука би вложиле големи суми пари. А како што се гледа од предложеното решение, во игра се и големи државни проекти.

Тензиите на Блискиот Исток, ќе принудат дел од кумановците кои се вработени преку американски компании како логистика во базите, да се вратат дома.

Ова го тврдат наши соговорници кои имаат пријатели и роднини на работа во Ирак. Велат дека некои од нив ќе се вратат дома, дел ќе останат затоа што сметаат дека се безбедни, а има и такви кои за празниците си дошле дома, и нема да заминат за Ирак.

Министерството за внатрешни работи мораше да им ја зголеми платата на своите компјутерџии и до 30 отсто за да останат мотивирани и да не си ја побараат среќата на друго место, согласно трендовите на се поголемата побарувачка на пазарот на труд на кадрите од оваа професија и се поголемиот раст на нивните заработки.

Како никогаш досега дел од македонската јавност е максимално отруена следејќи го Европското првенство во ракомет на кое досега репрезентацијата на Македонија одигра два натпревара со еден пораз и победа. Тоа што најмногу ги загрева тензиите се коментарите на социјалните мрежи и написите на дел од пропагадните медиуми за политичко и партиско мешање во спортот, особено во репрезентацијата.

Годината што измина беше исклучително успешна за ТАВ Македонија. Бројката на патници континуирано се зголемува, беа воведени неколку нови дестинации од Скопје и Охрид до европските земји, а не изостанаа ниту светските признанија за скопскиот аеродром, вели во интервју за Фактор првиот човек на ТАВ Македонија, генералниот директор Алпер Ерсој.

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница