23 Април, 2024
0.0496

ФОКУС НА ДЕНОТ: Јанева си замина од Шутка, Дуковски се жали дека Боки 13 е третиран нечовечки

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева во придружба на полиција замина во станот на синот, каде ќе биде во куќен притвор, но избегна да одговори на новинарски прашања. 

Таа не кажа дали е подготена за 3 декември, кога ќе седне на обвинителна клупа. Jaнева си го криеше лицето со капуљача. 

Јанева беше уапсена во август за случајот „Рекет“. 

Да не беше трагична, одлуката ќе беше смешна, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, за домашниот притвор на екс јавната обвинителка, Катица Јанева. 

Да ја најдеа торбата Луј Витон сигурно и неа ќе и ја вратеа сосе илјадниците евра, но нема потреба бидејќи не ја ни бараа, велат од опозицијата.

„Да не беше трагична, одлуката за ослободување на Катица Јанева од притвор ќе беше смешна. Нема подобар пример за функционирањето на Кацарска судството и Русковска обвинителството од начинот на кој што ја водат истрагата за случајот „Рекет“. Од самиот старт првин негираа дека постои предмет, а Зоран Заев обвинуваше дека се било конструкција на еден суетен новинар и едно лице со поинаква сексуална определба. Бидејќи пред фактите и боговите молчат, Зоран Заев мораше да се согласи неговата Русковска да отвори истрага, но до последен момент ја бранеше Катица Јанева. Додека некои беа во притвор Катица Јанева си беше на плажа и ги губеше телефоните. После тоа следуваа изјави дека немало инволвирани функционери, па под притисок на јавноста мораше Фрики да биде процесуирана, откако и таа претходно ги изгуби двата телефони. Повеќе од јасно е дека сме сведоци на сценариото кога се реализираат спогодбите со инволвираните во аферата „Рекет“ само за да не ја откријат нивната врска со главата на октоподот Зоран Заев“, наведуваат од партијата

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „А1он“ по одлуката на апелационите судии кои ја пуштија обвинетата Катица Јанева во куќен притвор, најави дека ќе спроведе финансиска истрага за нив.

 „Решението за Јанева не сме го добиле. Но, ние дадовме негативно мислење. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор, ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ“, рече Русковска за „А1он“, разочарана од одлуката на второстепениот суд.

Бојан Јовановски е третиран нечовечки, неговото здравје е многу лошо, односно самиот е во животно загрижувачка состојба, а дополнително секојдневно е омаловажуван за неговата сексуална определеност. Адвокатот на Боки 13, првоосомничен во случајот Рекет, Сашко Дуковски, денеска на прес конференција најави дека ќе поднесе кривични пријави против неколкумина по повеќе основи. Тврди дека и покрај докторските препораки, на Бојан Јовановски не му била овозможена антибиотската терапија со денови. Била препорачана колоноскопија и ректоскопија, но на осомничениот не му било овозможено да биде на специјална петдневна диета пред зафатот, па Јовановски ја одбил ректоскопијата. Дуковски тврди дека Јовановски моментно има крв во мокрачата и во изметот, а ниту може да оди самостојно. Од 5 ноември пет дена во неделата оди да прими лендацин, ама здравствените власти одбивале да го хоспиталзираат. Дуковски не прцизираше кој е највиновен за оваа ситуација, но рече дека судските власти постапувале коректно.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП