28 Март, 2024
0.0433

ФОКУС НА ДЕНОТ: Град Скопје ја презема „Дрисла“, Атиџе ќе добие работа во Општина Лозово

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Град Скопје ја превзеде депонијата „Дрисла“ од италијанскиот оператор ФЦЛ Амбиенте. Денеска Централниот регистар објави дека Град Скопје влегува со влог од 2.500 евра. Доменико Ферацоли повеќе не е управител на санитарната депонија, а исто така ниту Горан Ангелов, кој останува овластено лице како директор.

- По една година напорна работа успеавме да ја превземеме Дрисла, со ова решение завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ која ја даде депонијата на несоодветен оператор. Ќе биде назначен наскоро нов Управен и Надзоерн одбор По завршувањето на постапката ќе ги повикам сите поединци и здруженија да помогнеме да се направи анализа на досешното работење. Неповратно загубивме девет години. Прва грижа ќе биде да стане прва вистинска санитарна депонија и нејзиниот економски потенцијал да биде во служба на граѓаните, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Атиџе Муратова, која стана позната од филмот „Медена земја“ денеска беше во Општина Лозово, на средба со градоначалникот Ацо Велковски. 

Тој вети менување на покривот на нејзината нова куќа, нејзино вработување по доделувањето на оскарите, како и тоа дека ќе ѝ биде овозможено професионално да ги сними и да ги издаде своите две песни.

На Фејсбук и Инстаграм страната на  згаснатата 1ТВ денеска излезе објава во која се вели дека „Вистината е како шило“. 

„Доволно долго време паузиравме со објави на нашите профили. Нашата прва објава ја посветуваме на човекот кој ја создаде 1ТВ, Бојан Јовановски и кој се бореше секој вработен во телевизијата да има достоиствен третман, човек кој беше другар со секој враборен во 1ТВ. Ние сме сведоци на фактите кој бил и каков бил Бојан Јовановски, но…Во контекст на оваа фотографија од денешното рочиште за несреќно наречениот правен предмет „Рекет“ сакаме да ве известиме дека целата јавност ќе биде изнeнадена од позадината и вистината за предметот „Рекет“. Како беше онаа познатата реплика „Вистината е како шило“. Е, токму тоа шило ќе го дупне надуениот балон наречен „Рекет“!!!“, се вели во пораката.

Претсeдателот на СДСМ, поранешниот премиер Зоран Заев очекува широка поддршка за Законот за јавно обвинителство во Собранието. Додека работните групи од партиите ги усогласуваат ставовите, Заев потврди денеска, дека секако комуницира и со осумте пратеници во Парламентот кои гласаа и за уставните измени, за да го обезбеди двотретинското мнозинство за овој закон. Сепак на прес конференцијаta рече дека нив сакал да ги растовари за да не се чувствуваат само тие одговорни.

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ на кое требаше да сведочи поранешната специјална обвинителка Лиле Стефанова е одложено, откако се разболеа адвокатите на обвинетата Катица Јанева.

Одбраната на поранешната шефица на СЈО - Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска поради здравствени проблеми не дојдоа во судот, откако беше доставена медицинска документација.

Академија за развој на лидерски вештини на која компаниите имаат уникатна можност да развијат персонални лидерски вештини и да поттикнат раст ќе организира „Вивендум ратио Солушнс“ во април годинава

Министерството за економија не прецизира кога ќе биде објавен огласот за јавно-приватно партнерство за управување со новиот систем на дистрибуција на природниот гас, но она што е јасно засега е дека постапката ќе започне наскоро и ќе биде завршена за точно две години, по владината одлука донесена на крајот од минатата година.

Владата повторно ги спасува од долгови јавните претпријатија. 

Откако тоа беше направено во неколку наврати досега во изминатите години, сега повторно се турка закон со кој ќе им се отпишат каматите и ќе им се репрограмираат долговите и трошоците на јавните претпријатија кои се основани од општините.

Се уште има граѓани кои навршиле години за да се пензионираат, а во државниот ПИОМ не им е засметан сиот работен стаж. Најголемиот дел од проблемите на овие лица е поради фактот дека фирмите во кои работеле пред триесетина и повеќе години, веќе не постојат, па докажувањето оди тешко.

Методија Мирчев е новиот извршен директор на А1 Македонија, соопштија денеска од компанијата. Мирчев ги превзема одговорностите на извршната позиција уште денеска, а на функцијата ќе го наследи Мислав Галер кој одлучи да ја продолжи својата кариера надвор од компанијата и Кластерот Македонија и Хрватска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење