19 Април, 2024
0.0302

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Двајца луѓе од Дебар заразени со корона, се преземат построги мерки за заштита

Објавено во: Македонија 11 Март, 2020

Добивај вести на Viber

ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНА ВО МАКЕДОНИЈА

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната втора прес-конференција за медиумите ги соопшти резултатите од тестирањата за коронавирус на 12-те пациенти.

„Од сите испитани денеска двајца се позитивни на вирусот, тоа се двајца луѓе од Дебар кои биле во непосреден контакт со заразените од Дебар, другите лица кои живеат со нив се негативни, но ќе бидат на домашно лекување, тие нема да бидат хиспитализирани“- рече Филипче.

Повика здравствените работници да не користат одмор во периодов. 

Телефонскиот број на Ало докторе ќе биде пренаменет во кол центар. 

Министерот повика да се зајакнат контролите на границите, посебно за автобускиот превоз. 

Да се прекине со работа во библиотеките и ученичките домови во следните 14 дена. 

МАКЕДОНЦИ НЕ МОЖЕА ДА ЈА ПОМИНАТ СРПСКАТА ГРАНИЦА ВРАЌАЈЌИ СЕ ОД ИТАЛИЈА

Неколку Македонци што живеат во Италија не можат да се вратат во својата земја.

Согласно вчера донесените мерки на српската Влада за забрана за влез на странски државјани кои доаѓаат од жариштата на вирусот Ковид-19, од преминот „Батровци“ на границата на Србија со Хрватска денеска се вратени дваесетина автомобили со околу 50 патници, меѓу кои повеќето македонски државјани кои работат во северниот дел на Италија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, новите мерки не се применуваат само во патничкиот, туку и во товарниот сообраќај, поради што од граничните премини се вратени и неколку камиони.

Српските гранични служби ја имаат потребната заштитна опрема – ракавици, маски и средства за дезинфекција, а по потреба користат и заштитни костими.

СЗО ПРОГЛАСИ ПАНДЕМИЈА, СОВЕТУВА КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ

Светската здравствена организација сподели видео во кое дава објаснување како се пренесува вирусот Ковид-19 и како да се заштитиме.

Заразата од коронавирус се претвори во пандемија. 

Глобалното проширување на коронавирусот сега го достигна нивото на глобална пандемија, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус, јави ДПА.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во Калабрија вирусот се прошири во последните неколку дена, раскажува Вито Ди Наполи, по професија деловен консултант, и  жител на овој дел од Италија.

Кој ќе трча против кого на парламентарните избори што ќе се одржат на 12 април, веќе не е тајна.

Двата клучни политички ривали, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ги скроија пратеничките листи, со кои ќе си ги одмерат силите на претстојното жестоко изборно соочување. 

Македонската чевларска и кожарска индустрија ќе биде една од најпогодените во првиот удар од ширењето на коронавирусот во Европа. 

Цела Италија впрочем е изолирана од светот, а со тоа е недостапна и за македонските партнери - чевларски и кожарски фабрики кои креираат најголем дел од извозот кон оваа земја од Македонија.

Сафет Бишевац откако синоќа се најде на пратеничката листа во Изборната единица 1 како номиниран од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за „Фактор“ вели дека генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, не ја зборува вистината кога изутринава тврдеше дека барал да биде пратеник од редовите на владеачката партија.

Малку ќе биде изводливо Владата да носи одлуки за даночни олеснувања и каква било помош за фирмите кои ќе имаат некакви последици од мерките и ограничувањата поради ширењето на коронавирусот

Професорот Тито Беличанец сепак ќе плати казна од 1.000 евра, откако за него Комисијата за хартии од вредност одлучи да поведе прекршочна постапка, бидејќи, според регулаторот, тој го прекршил Законот за хртии од вредност. 

Односно, пред да ги продаде своите акции во компанијата „Тетекс“, имал инсајдерски информации дека таа ќе прекине со производство на тешка конфекција. 

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните