25 Април, 2024
0.0371

ФОКУС НА ДЕНОТ: Датумот за преговори неизвесен, се чека одлука од Макрон, Финска има план

Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Финска нуди компромис за отворање на преговорите со Македонија.

Нашата земја да добие датум за почеток на преговори, а во исто време Европската Унија да ја смени методологијата на водење на пристапните преговори како што бара Франција. Ова е новиот предлог кој ќе го понуди финското претседателство со ЕУ. 

Методологијата која ја бара Франција претставува реверзибилен процес. Тоа би значело дека веќе затворени поглавја би морале повторно да се отворат ако се утврди дека земјата кандидат има уназадување во некоја област.

За предлогот на финското претседателство вечерва ќе расправаат амбасадорите на ЕУ.

Според дипломатските извори од Брисел, Франција е единствената која смета дека „Северна Македонија не ги исполнува потребните услови“ за почеток на преговорите. Ставот на францускиот претседател, Емануел Макрон е изолиран, затоа што пред осум дена четворицата први луѓе на европските институции повикаа во заедничко писмо за започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија. Ова одбивање предизвикува незадоволство кај европските дипломати, кои го обвинија Париз дека ја загрозува стабилноста на Балканот, за чија стабилност Париз официјално се залага. Ова уште повеќе што на два пати ЕУ одлучи да го одложи започнувањето на преговорите, пренесе МИА.

Премиерот Зоран Заев останува оптимист дека земјата ќе добие датум за почнување преговори со Европската Унија, и вели дека Франција не е против нашиот влез, туку дека принципиелно бара промена на методологијата за преговарање.

„Очекувам да се разговара за точките на дневен ред на Европскиот совет како што е проширувањето на Европската унија со Северна Македонија. Верувам дека градејќи ги сите точки и агенди на дневниот ред ќе се дојде до заеднички заклучоци и дека ќе преовлада одговорноста од Европската Унија и од Европскиот Совет и дека ќе биде донесена долго очекуваната одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија“, изјави премиерот Заев

Уапсен e затвореникот кој утрово им побегна на затворските полицајци, додека нарачувале сендвичи.

Полицијата го уапси затвореникот Фидан Асани(37) кој утрово избега од затворското комбе додека затворските чувари чекале сендвичи пред сендвичарница во Автокоманда.

Полицијата го пронашла бегалецот на пат кон косовска граница.

Асани не бил соодветно врзан така што не му било проблем лесно да побегне, а се додава дека ги оттурнал од себе стражарите кои ќе бидат суспендирани.

Затвореникот во затвор треба да помине уште 6 години и 2 месеци.

Можеби ќе ве интересира

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови