15 Август, 2020
0.0549

ФОКУС НА ДЕНОТ: Aнтикорупционерите ќе ги проверат судиите, автентичното толкување за помилувањето ја бранува јавноста

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2019

Антикорупциска комисија го прифати вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев и потврдно му одговори дека ќе започне со проверка на имотната состојба на судиите, поротниците и обвинителите, како и нивните семејства, откако ќе го изготви потребниот план. Од Државната комисија за спречување на корупцијата тврдат дека ваквта одлука е донесена откако премиерот ветил дека извршната власт ќе им ги стави на располагање своите капацитети и ресурси.

„Согласно утврдените ризици во споменатата анализа, правосудството е оценето како столб со висок ризик од коруптивни и други влијанија, па оттаму носителите на функции од овој столб (судиите и јавните обвинители) ќе бидат  дел од Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2020 година.

Автентичното толкување на законот за членот 11 од Законот за помилување, нема пред 11 ти декември да се најде пред народните избраници, вели за тв 24 собранискиот Спикер Талат Џафери. 

Џафери за телевизијата изјавил дека има процедура која мора да се испочитува, а е комплексна. Но, и дека во моментов во Собранието се одржува комисиската расправа за буџетот за 2020 година која е врзана со рокови и мора да помине. На денешната координација пратениците воопшто не го отвориле тајмингот.

Оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара независната пратеничка група. Ова следи по вчерашната најава дека ќе поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО, со одложено дејство.

Пратеничката Емилија Александрова на прес-конференцијата од Собранието побара оставка од лицерот на партијата, Христијан Мицкоски, поради, како што рече, лицемерниот однос кон евроинтеграциите.

Наведуваат дека, лицемерието на Мицкоски го достигнува врвот, со креирање на слика дека НАТО му е многу важно.

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција одговарајќи на прашање дали е вистина или не, дека магистрирал и докторирал во Италија и Германија како стипендист, рече дека своевремено во приватниот сектор работел и како хигиеничар.

Во Албанија ќе има истрага за квалитетот на градбите, а земјотресот урнал 130 згради. 

Обвинителствата во Драч, Тирана и Круја започнаа истраги. Се истражува дали тоа се случило поради нелегална градба, поради грешки на инженерите, изведувачите или одговорните лица или поради пропусти кај државните службеници задолжени за градежен надзор.

Зошто помалиот брат во владејачката коалиција, Демократската унија за интеграција, не застана рамо до рамо со своите партнери од СДСМ, кога тие поднесоа барање за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување? И зошто партијата има потреба да се консултира со правници за да одлучи дали нејзините пратеници ќе ја пддржат оваа иницијатива?

Седум акции на котирани компании за првите девет месеци најправија промети поголеми од еден милион евра. Пет од нив имаат значајни или големи растови на просечните пазарни цени во споредба со лани, а „Макпетрол“ е рекордер со раст од 52 отсто. Деветмината величествени се: „Комерцијална банка“, „Алкалоид“, „Макпетрол“, НЛБ Банка, „Гранит“, „Стопанска банка Скопје“, „Охридска банка“, ТТК Банка и „Стопанска банка Битола“ . 

Со над 143 возила со кои секојдневно се сервисира патролното обезбедување и транспортот на пари и вредносни пратки располага Никоб - број еден компанијата на пазарот за обезбедување во земјава.

Капитал вреден околу 131 милион евра влегол во земјава во деветте месеци годинава. Толку изнесуваат странските директни инвестиции во трите квартала и ако се суди по оваа бројка годината ќе заврши доста полошо од минатата. Имено во 2018 година странските директни инвестиции во земјава беа 614 милиони евра, што беше еден од подобрите резултати во последните години.

Можеби ќе ве интересира

Ќе се пролонгира почетокот на учебната година најмалку до средината на септември

Ќе се пролонгира почетокот на учебната година најмалку до средината на септември

Груби: Лажните вести произведени од албанската опозиција ги поткопуваат преговарачките позиции на ДУИ

Груби: Лажните вести произведени од албанската опозиција ги поткопуваат преговарачките позиции на ДУИ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште нема договор за Влада, а Трифун Костовски најави дека ќе тужи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште нема договор за Влада, а Трифун Костовски најави дека ќе тужи

СДСМ демантира дека со ДУИ договориле премиер

СДСМ демантира дека со ДУИ договориле премиер

Долго се држеше, но сега Пехчево има два активни случаи на коронавирус

Долго се држеше, но сега Пехчево има два активни случаи на коронавирус

Има договор за премиер?

Има договор за премиер?

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи

Институтот за јавно здравје денес регистрира намален број на активни случаи

КОВИД СОСТОЈБА: Нови 160 заразени, 3 починати и 368 оздравени пациенти

КОВИД СОСТОЈБА: Нови 160 заразени, 3 починати и 368 оздравени пациенти

Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест

Еве кој ќе може да влезе во Грција без тест