Фити: Лично мислам дека не може да биде загрозен македонскиот јазик
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2019
Лично мислам дека не може да биде загрозен македонскиот јазик, изјави академик Таки Фити во интервју за ТВ 24.
Најави дека на 3 декември ќе излезат со Повелба за македонскиот јазик.
„Ќе кажеме дека постои македонскиот јазик и дека имаме огромен број на македонисти во странство и го афирмираат јазикот. Тој е жива материја и мора постојано да се усовршува“ - изјави Фити.
Смета дека со Договорот од Преспа може да се јави проблем во однос на дијалектите во северна Грција, но за македонскиот јазик е категоричен дека не може да биде загрозен, затоа што долго време се твроело на тој јазик, има македонисти ширум светот.
За Законот за јазици вели дека мултикултурализмот не се гради, со казни, со инспекции.
Вели дека како МАНУ укажале на некои работи во однос на овој закон, дека треба да има дебата, да се зборува за него обединувачки во Собранието, со факти и аргументи, а не со уцени.