28 Март, 2024
0.0312

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Меѓународната рејтинг агенција “Fitch Ratings” и оваа година го потврди долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на “БББ-“. Потврда за кредитниот рејтинг доби и команијата мајка ПроКредит Холдинг (БББ) и уште 5 банки од ПроКредит групацијата.

Потврдувањето на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје на 'БББ-’ е резултат на позитивните бизнис резултати од работењето на банката, меѓу кои еден од позначајните е високо квалитетното кредитно портфолио сoстапка на нефункционални кредити за неколку пати пониска од стапката на банкарскиот сектор во земјата, стабилното депозитно портфолио, стабилната стапка на кредити во однос на депозити и високата ликвидност.

Од дополнително значење за потврдата на рејтингот на ПроКредит Банка АД Скопје се и стратешката важност на Банката и поддршката од акционерите, пред сѐ поддршката која ПроКредит Банка АД Скопје ја добива од единствениотакционер ПроКредит Холдинг, со седиште во Фракфурт Германија, а потоа и поддршката, која ПроКредит Холдинг ја добива од своите акционери: KfW (Германска Банка за поддршка и развој), IFC (Меѓународна финансиска корпорација, сестра компанија на Светска Банка) и фондацијата DOEN. Покрај веќе споменатите акционери, ПроКредит групацијата добива долгорочна поддршка и од клучните акционери Zeitinger Invest  и ProCredit Staff Invest кои имаат и стратешка контрола врз работењето на групацијата.

Fitch Rating потенцира дека од големо значење за стабилноста на кредитниот рејтинг на ПроКредит Банките е балансирањето на ризиците кои произлегувата од работењето на пазарите во развој, стручноста концентрирана во секторот за мали и средни претпријатија и нискиот апетит за превземање на ризици што резултира со надпросечен кваллитет на активата.

Предноста на ПроКредит Банка е уникатната корпоративна култура, која е имплементирана во сите ПроКредит Банки, високите етички стандарди, високо квалитетна услуга за мали и средни претпријатија, кои придонесуваат за развој на локалните економии, како и добро поставеното електронско банкарство, кои го олеснија работењето во пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19.

ПроКредит Банка АД Скопје е првата и единствена банка во С.Македонија која на годишна основа е оценувана од меѓународната кредитна агенција Fitch Ratings уште од 2005 година. Кредитниот рејтинг на Банката не може да биде повисок од висината нарејтингот на земјата, кој вообичаено е за едно ниво повисок од доделениот кредитен рејтинг на земјата. Па така, ПроКредит Банка АД Скопје и оваа година е оцената со кредитен рејтинг кој е едно ниво повисок од кредитиниот рејтинг на С. Македонија-“ББ+“ со негативни изгледи. Вака утврдениот рејтинг е максималниот кредитен рејтинг кој една институција во Северна Македонија може да го добие.

Можеби ќе ве интересира

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија