20 Април, 2024
0.0682

ФИРМИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ЖАЛАТ НА ДРЖАВНИТЕ ОГЛАСИ - лани имало над 1.000 жалби до Комисијата за јавните набавки

Објавено во: Економија 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Фирмите што се жалеле за некоја јавна набавка, лани до Комисијата за жалби по јавни набавки уплатиле вкупно 107 илјади евра за водење на жалбени постапки, против одредени одлуки за избор на компанија за реализација на таа набавка. Ова, меѓу другото, може да се забележи од Годишниот извештај за работењето на Државната комисија за жалби по јавни набавки за минатата година.

Тие средства, како што е познато, завршуваат во буџетот на Државата.

Од извештајот може да се види дека лани над 1.000 фирми не биле задоволни од некоја јавна набавка, или точно 1.024 фирми, поради што се жалеле до Комиијата. На над половина од нив, или на 532 жалители, жалбите им биле прифатени.

Жалбите се однесувале или за доделени договори за јавни набавки, а помалку за концесии или јавно приватни партнерства.

Ако се гледа извештајот прецизно, може да се види дека во минатата година до Комисијата биле пристигнати и оформени вкупно 1.076 предмети, од кои 52 предмети се пренесени од 2019 година.

Решени се 1.037 предмети, а поради некомплетна документација, како нерешени останале 39 предмети и тие се пренесени за оваа година.

Од податоците може да се фиди дека фирмите што учествувале на државните тендери, лани се жалеле двојно повеќе отколку три години претходно. Односно, во 2017 до Комисијата стигнале 561 жалба, во 2018 година тој број се зголемил на 737 жалби, во 2019 година бројот расте на 902 предмети, додека, пак, лани, на договорите за јавни набавки се жалеле до Комисијата дури 1.076 грѓани.

Од Комисијата сметаат дека причина за зголемениот број жалби е зголемената доверба во неа, но и намалените цени.

„Се утврдува зголемување на бројот на предмети пред Државната комисија, особено на примените жалби во 2020 година. Според комисијата, ова се должи на транспарентноста и доследно почитување на законските одредби при нејзиното одлучување, со што се зацврстува довербата кај економските оператори и договорните органи во поглед на донесените одлуки. Покрај наведеното, особено големо влијание на зголемувањето има и тоа што согласно новиот Закон за јавните набавки, намален е надоместокот за водење на жалбената постапка“, се вели во Извештајот на комисијата.

Инаку, износот на надоместот за водење на жалбена постапка пред Државната комисија, согласно Законот за јавните набавки, зависи од висината на понудата на подносителот на жалбата, и тоа до 10.000 евра во денарска противвредност надоместот изнесува 50 евра, од 10.000 до 70.000 евра надоместот е 100 евра, од 70.000 до 130.000 евра надоместот е 150 евра и над 130.000 евра надоместот изнесува 200 евра.

Од вкупно решените 1.037 предмети во 2020 година, 17 предмети се однесуваат на доделување на концесии, додека, пак, шест предмети се за воспоставување на Јавно приватно партнерство. Другите, или најголемиот дел, се за доделени договори за јавни набавки.

Од вкупно 1.032 предмети, пак, 10 се однесуваат на јавни набавки спроведени со ограничена постапка, 166 со постапка од мала вредност, 344 со поедноставена отворена постапка, 461 со отворена постапка, 10 со преговарање без претходно објавување на оглас, еден со преговарање со претходно објавување на оглас, 16 се спроведени посебни услуги и како друга се води една постапка.

Во текот на 2020 година, од вкупно 65 отфрлени жалби, 22 се отфрлени поради ненавременост, 16 како недозволени, 26 жалби се отфрлени како неуредни и една жалба е отфрлена поради ненадлежност.

„Овој број на отфрлени жалби укажува на фактот дека подносителите на жалби се уште не ја запазуваат законската обврска за уплата на административни такси и надомест за водење на жалбена постапка, како и начинот на поднесување жалба, така што за постапките кои се водат во електронска форма, жалбите ги поднесувале во хартиена форма“, потенцираат од Комисијата во извештајот.

Од вкупниот број на уважени жалби, пак, а тоа се 532, во поголем број случаи, или 52,82 отсто, Државната комисија ја поништила само одлуката за избор и предметот е вратен на повторно постапување и одлучување на договорните органи, со конкретни напатствија за постапување.

Додека, пак, во помал број на случаи, или 47,18 отсто, Комисијата ја поништила и одлуката и постапката за доделување на договор за јавна набавка, при што на договорниот орган му се даваат напатствија при спроведување на евентуална нова постапка. Во случај на поништување на одлуката за избор, договорните органи имаат можност да ја повторат постапката, да ги отстранат и исправат сторените пропусти, само доколку сторените пропусти се од таков карактер и во таа фаза од постапката кога можат да бидат отстранети. 

Ако се има предвид дека лани биле објавени вкупно 20.418 огласи за јавни набавки и за концесии, а се отворени 1.023 предмети по жалби, може да се каже дека лани всушност биле обжалени 5 отсто од предметите, се вели во извештајот.

„Против решенијата донесени од страна на Државната комисија, според податоците на Управниот суд, во текот на 2020 година изјавени се вкупно 110 тужби. Според податоците од Управниот суд, од вкупно поднесените 13 барања за донесување на времена мерка за одлагање од извршување на решение 7 од барањата се одбиени, 4 се отфрлени и по 2 барања постапката е запрена“, се вели во Извештајот.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ