08 Декември, 2024
0.0292

ФИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗА УКРАИНА: Вели дека преговори се можни и пред инаугурацијата на Трамп

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Финскиот претседател, Александар Стуб, за „Блумберг“ изјави дека новиот американски претседател Доналд Трамп треба да биде сфатен сериозно кога зборува за завршување на војната во Украина.

По вчерашниот разговор со Трамп, Стуб додаде дека неговите намери по преземањето на функцијата во јануари 2025 година се јасни.

„Европа и остатокот од светот мора да разберат дека Доналд Трамп е многу сериозен за брзо постигнување мировен договор. Постои можност за овие преговори и пред инаугурацијата“, објасни финскиот претседател. 

Стуб наведе четири предуслови за мир во Украина. 

„Ова го вклучува прашањето за териториите, каде што не знаеме како ќе се решат работите. Второто е безбедносни гаранции, третото е правдата и последното е реконструкцијата“, рече тој.

Поради војната во Украина, Финска го забрза приемот во НАТО. Таа официјално стана членка во април минатата година. Со Русија дели повеќе од 1.300 километри граница.

Трамп  ветуваше дека ќе ја заврши војната за 24 часа, а иако сè уште нема презентирано конкретен план, се очекува дека тој би можел да вклучи и отстапување дел од украинската територија на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин сака да ја врати окупираната територија во Курск, пред инаугурацијата на Трамп. 

Украина не сака да прави компромис за територија. Полскиот претседател Анджеј Дуда скоро изјави дека Русија не треба да добие дел од украинската територија и дека ако тоа се случи, ќе биде голема грешка. 

Тој ги повика земјите кои се благонаклонети кон Русија, ако толку сакаат, да дадат од својата територија на Русија.  За неколку месеци ќе се навршат три години од почетокот на руската инвазија на Украина. 

Фото EPA-EFE/ARMANDO BABANI

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

Макрон ги спои Трамп и Зеленски во Париз

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

НЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИСИС: Кои се новите бунтовници во Сирија?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Томпсон најверојатно е убиен поради незадоволство од третманот кај здравствените осигуреници во САД?

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост