ФИЛИПЧЕ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ: Четворица се борат за живот, во болница е и бремена жена
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче, ги посети повредените во експлоцијата кај Романовце.
Според него, двајца мажи на околу 60 годишна возраст се на Клиниката за пластична хирургија, а две жени на 40 и 45 годишна возраст се на одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација.
„Од тројцата пациенти во старата Градска болница, една жена на 40 годишна возраст е во одделот за интензивна нега, има и помлада жена од дваесетина години која е бремена, како и едно дете кое што има мал процент на изгореници“, додава Филипче.
Од противпожарната единица потврдија дека интеренирале за гаснење на пожар во куќа во Романовце. Кај нив пожарот бил пријавен во 10:10 часот, по што пожарникарите го гаснеле до 11.10 часот.