Филипче: Викендов работиме на брзите тестови
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2020
Венко Филипче, министерот за здравство, денеска одговарајќи на новинарско прашање во Струмица, рече дека викендов ќе биде искористен за што е можна побрза набавка на таканаречените брзи тестови за Ковид-19.
- Еден дел од постапката веќе заврши, сега е втората фаза и верувам дека тоа значајно ќе го олесни пристапот на тестирањата. Овде станува збор за тестови кои се платени од Фондот. Тие се покриени преку матичните лекари и ќе се испраќаат во лабораториите, рече министерот пред медиумите.
Филипче додаде дека ќе има алтернатива и за приватни брзи тестови, но дека на тие цени министерството нема да може да влијае.