Филипче смирува дека има доволно маски и скафандери
Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2020
Македонија располага со заштитна опрема, повеќе од 4.000 маски и скафандери, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој додаде дека е во секојдневен контакт со министрите за здравство во земјите од регионот каде што веќе има потврдени случаи на заразени со опасниот вирус. Тој додаде дека утре во Скопје ќе пристигне регионалниот директор на СЗО за Европа.