Филипче: Сите девет патници тргнале од исто место во Италија

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020
Четири луѓе се од Скопје и пет луѓе сосе возачот се од Струмица, појасни министерот за здравство, Венко Филипче за сопатниците кои допатувале од Италија со 50 годишната жена која е заразена со коронавирус.
Луѓето се лоцирани, и контактирани. Министерот вели дека коронавирусот е многу опасен за постари луѓе кои имаат хронични болести.
Сите девет патници тргнале од исто место во Италија.
„Ќе го повторам апелот, граѓаните да даваат точни информации на граница, тоа е исклучително битно“, рече Филипче.
За жената која е изолирана на Инфективна клиника, вели дека е во добра состојба.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почнува првата фаза од пописот, оние кои се во странство може да се самопопишат

Георгиевски советува како да се реши македонско - бугарскиот спор

Заев повторно се бори за лидер на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат

Куќен притвор за малолетникот кој со автомобил го удри Јота

Најмладиот починат од коронавирус е 43 годишен пациент од Делчево

Во неколку градови порасна бројот на хоспитализирани поради коронавирусот
