19 Април, 2024
0.0297

Филипче: Се испитува уште едно лице, ќе се ограничат сите јавни собири

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство ќе препорача Владата на посебна седница која е закажана за денеска да усвои информација со која ќе се ограничат сите јавни собири во државата. Препораката ќе биде да не се одржат Струмичкиот карневал и карневалот во Прилеп, но и сите други собири. Најверојатно тоа ќе значи дека нема да се одржуваат и спортските натпревари, но министерот Венко Филипче на прес конференцијата денеска рече дека деталите ќе ги соопшти по седницата.

„Препораката ќе биде да се ограничат масовните јавни собири, согласно законот за спречување заразни болести - јас прво ќе ја дадам до Управувачки комитет до ЦУК и тој предлог денеска ќе го ставиме на седница на Влада со специјална точка. За да одлучиме дали ќе се воведе оваа мерка, рече Филипче. 

Тој информираше дека пациентката кај која веќе е потврден корона вирусот е во стабилна состојба, сместена е во оддел за изолација, нема знаци за компликации. Постепено влегува во фаза на задравување. Информираше и дека добро оди домашната изолација на луѓето кои биле во директен контакт со неа односно патниците од комбето и нивните блиски.

Двајцата патници од Италија за кои вчера се испитуваше се негативни на корона вирус, но има еден друг патник од Струмица кој се вратил од Италија на 22 февруари и кој вчера се пожалил дека има покачена температура. Испитувањата за него се во тек. 

Дополнително двајца бугарски државјани на работа во битолска фирма, биле во Италија и не даваат податок дека биле во контакт со заболени лица, но им е даден совет да се јават на телефоните ако зебележат нешто. 

Во Европа заболени се 774 лица од кои 650 се во Италија.



Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне