28 Март, 2024
0.0294

ФИЛИПЧЕ: Последни рестриктивни мерки пред воведување полициски час, администрацијата ќе работи во смени и онлајн

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со членови на Комисијата за заразни болести во Владата информираше дека на утрешната седница ќе бидат предложени веќе најавените рестриктивни мерки: сите економски оператори да работат до 23 часот, автобусите да возат со 50 отсто од капацитетот, а в работените во администрацијата, општините и судовите, секаде каде што тоа е можно, да работат во смени или онлајн од дома или редуцирано по систем на ротации.

Смета дека до крајот на неделата, Собранието ќе ги изгласа измените на Законот за заштита од населението од заразни болести со што овие мерки, но и мерките од претходниот пакет ќе стапат во сила.

- Апелирам дека ситуацијата е навистина сериозна. Следен чекор е полициски час. Во законска измена се внесува уште еден став со кој понатаму ќе се прифаќаат сите други мерки со одлука на Владата. За да биде изгласан потребно е мнозинство од 61 пратеник, но не очекувам расправата да трае повеќе од 2-3 дена. Верувам дека до крајот на неделава, мерките ќе стапат во сила, изјави министерот Филипче.

Истовремено тој потенцираше дека болничките капацитети се преполнуваат, нагласувајќи дека нема веќе места во болниците во Струмица, Куманово, Штип, Прилеп, дека се отворило уште едно крило во Битола и се полни болницата во Гостивар. Во Скопје, како што рече, модуларнатѕа болница на Клиниката за инфективни болести, иако е целосно подготвена, се уште нема примено пациенти. И покрај ваквата епидемиолошка состојба, тој рече дека се уште нема потреба од полициски час

-Повторно ќе кажам дека во моментов нема потреба за строги рестрикции на движењето. Најризични мини жаришта во моментов се градот Скопје, посебно неколку скопски општини, како и градовите Штип и Струмица. Ја следиме епидемиолошката ситуација во целата и веруваме дека овие мерки дека ќе дадат резултат, истакна Филипче.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити