Филипче: Oд ѓурѓовденската литија има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Мај, 2020
Министерот за здравство Венко Филипче во вчерашното интервју за телевизијата 24 Вести објасни дека од ѓурѓовденската литија во Струга, која се одржа на 7 мај, има лица кои имаат белодробен наод кој одговара на Ковид -19.
„Тоа се луѓе кои присуствувале на литијата. Тие се процесуирани и се следат. Имаме потврдени случаи по десетина, кои присуствувале на семејни настани. Некој од нив несвесен дека е носител на вирусот, или пак во почетна фаза на болеста, не се изолирал и ги заразил другите“, информира Филипче.
Вели дека новозаразените се луѓе кои не ги почитувале мерките и апелираше до институциите сериозно да санкционираат неправилности.
Вчера во земјава имаше еден смртен случај, и 23 ново заразени од коронавирусот.