22 Октомври, 2020
0.0210

Филипче најави: Властите размислуваат за рестриктивни мерки, состојбата се влошува

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2020

Состојбата со корона вирусот се влошува, алармираше денеска на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче, нагласувајќи дека здравствените власти размислуваат и за повторно евентуално воведување на рестриктивни мерки.

-Летото е зад нас, а ризикот кој го носи есента е сериозен аларм. Состојбата кај нас како и секаде во светот, со крајот на летото се влошува. Велика Британија, Чешка, Франција, Шкотска, Израел, планираат да ги заострат мерките. Франција ги заострува мерките, меѓудругото ќе забрани и посети меѓу домаќинствата. Тоа е она што го најавувавме, дека септември ќе биде почеток на нов бран, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата.

Тој нагласи дека инциденцата на новозаразени во земјава изнесува 79,2 на 100.000 житечи што е највисок во Европа. Според анализите на Комисијата за заразни болести до 19 септември најголем број заболени има во Скопје, Куманово, Тетово,Штип и Струмица, а Штип е со најголема инциденца.

-Во моментов најприсутен е вирусот кај возрасната група од 30-39 години, што значи ги напаѓа и помладите и поздрави луѓе. Состојба последните денови се влошува, а главна причина е непочитувањето на мерките, семејните собири, дружења и средби, изјави Филипче.

Истовремено, тој посебно истакна дека е недозволиво непочитување на мерките од страна на сите, особено од страна на бизнисите, односно угостителските објекти.

Се размислува за воведување нови мерки, но мерки со кои ќе се избегнат затворања и карантини. Дел од мерките кои се разгледуваат се и носење маски и на отворено, ограничување бројот на лица на маси во угостителски објекти, забрана за семејни веселби во затворено, прецизни протоколи за работа на угостителските објекти и на јавниот превоз.

-Целта е да се избегнат рестрикции на движењето, кои би ја закочиле економијата, но доколку е нужно и тоа ќе го направиме. Размислуваме за задолжително носење на маски и на отворено, дури и кога луѓето сами се движат, силни казни за семејни прослави, ограничување на бројот на гости во угостителските објекти, истакна рече министерот Филипче.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОСТАВИ ОДГОВОР НА ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ „МОРАТОРИУМОТ“

ОПШТИНА ЦЕНТАР ДОСТАВИ ОДГОВОР НА ИНИЦИЈАТИВАТА ПРОТИВ „МОРАТОРИУМОТ“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нов црн рекорд, денес над 640 заразени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нов црн рекорд, денес над 640 заразени

Наум Стоилковски вели дека е издадена наредба за негово приведување

Наум Стоилковски вели дека е издадена наредба за негово приведување

ВЛАДАТА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КАРАКАЧАНОВ: Вакви изјави се недостојни и недолични

ВЛАДАТА ЗА ПРОВОКАЦИЈАТА ОД КАРАКАЧАНОВ: Вакви изјави се недостојни и недолични

Исчезнаа две девојки од Скопје

Исчезнаа две девојки од Скопје

ИНЦИДЕНТ: Кондовци истепале полицајци, едниот со автомобил удрил во полициски службеник

ИНЦИДЕНТ: Кондовци истепале полицајци, едниот со автомобил удрил во полициски службеник

ЦРН БИЛАНС: Починаа 12 луѓе, има и 641 заразен

ЦРН БИЛАНС: Починаа 12 луѓе, има и 641 заразен

Бугарија ќе каже „не“ на почнувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, пишува Политико

Бугарија ќе каже „не“ на почнувањето на првата меѓувладина конференција со Македонија, пишува Политико

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бараат итно да се донесат заштитните мерки во Собранието

И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ бараат итно да се донесат заштитните мерки во Собранието