25 Април, 2024
0.0306

Филипче: Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик aко училиштата целосно се отворат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 12 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во изјава за Сител, информираше за заедничкиот состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој утрово присуствувал и министерот Арбер Адеми.

„Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците и за нивните родители и за вработените на училиштата, доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат започнувајќи на почетокот на септември. Видовме многу примери во многу различни земји во светот кога после отворањето на училиштата, заради очигледно неминовното зголемување на бројот на заразени, делумно или целосно училиштата се повторно затворени. Очигледно дека такво сценарио е можно и кај нас, доколку целосно се отворат училиштата. Свесни сме дека ова е еден голем предизвик, дека нема идеално решение, ја следиме и дебатата во јавноста, секоја од групите има некои свои аргументи, меѓутоа ние како Министерство за здравство ставаме апсолутно приоритет на заштитата на здравјето на граѓаните, вклучително и на децата коишто треба да тргнат на училиште“, потенцираше министерот Филипче.

На прашањето дали се очекува овие денови да се најде компромис или ќе се чека да се формира Владата и да се има собрание за да се направат законски измени, министерот Филипче истакна дека според сознанијата, согледувањата и анализите коишто се правени од страна на МОН, и доставените протоколи врз основа на кои училиштата би требало да функционираат, станува збор за сложен процес.

„Сведоци сме дека и сега протоколи има за многу економски оператори и компании, меѓутоа тие не се почитуваат и едноставно таму каде што не се почитуваат протоколите може да биде потенцијален извор на зараза. Има многу сегменти во целокупниот образовен процес. Функционирањето во училиштата, заедничките простории, заедничките тоалети, одморите во коишто интеракцијата помеѓу децата и покрај тоа што би биле присутни во помал број според предложениот модел во училниците е своевиден ризик за трансмисија на вирусот“, рече Филипче.

Тој посочи дека добро се менаџира здравствениот систем во смисла на слободни болнички кревети, а бројот на пациенти континуирано постепено се намалува, кога се споредува со минатите недели. Континуирано паѓа и бројот на хоспитализирани пациенти.

„Децата имаат многу лесна форма на болеста. Имаме предвидени капацитети во болницата во Козле. Иако и сега таму се лечат и возрасни пациенти и по потреба има капациетети и на педијатриската клиника. Не се само децата во ризик, туку и нивните родители. Поради тоа што децата се практично најголеми трансмитери, меѓутоа може да заболат и нивните родители. Во таа смисла се нашите насоки сепак да се стави акцент на онлајн наставата, секако со исклучоци кои треба да се дефинираат во текот на утрешниот ден“, информираше Филипче.

Министерот Филипче истакна дека мора да се заштити јавното здравје, а во исто време мора да се обезбеди функционален едукативен процес многу важен за развојот на детето.

„Пред нас се есенски месеци. Есен која што не знаеме каква ќе биде. Ниту една земја во светот не знае што може да очекува. Епидемијата нема да трае вечно, затоа апелирам сите да бидат трпеливи. И ова ќе помине. Се може да се надокнади освен здравјето“, посочи Филипче.

Протоколите за работа на градинките се изготвени уште пред неколку месеци, меѓутоа сега се ажурира бројка на новозапишани деца во градинка или тие што треба да тргнат училиште. И врз основа на таа анализа, имајќи го во предвид дека протоколот предвидува дали има помал број на деца во групите во градинка ќе се направи и соодветна одлука. Согласно можноста како би се спровело функционирањето на градинките. Засега нема одлука за отворање на градинките и тоа е нешто што треба во детали да се разработи.

„Во ниту еден момент, ниту една одлука на Комисијата за заразни болести не била политичка. Имаше спроведен и изборен процес, други одлуки коишто се носеа. Меѓутоа, секогаш Комисијата носеше одлука врз основа на епидемиолошката ситуација, медицината како наука и епидемиологијата. Така ќе биде и сега“, рече Филипче.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Берово-1, Делчево-1, Свети Николе-6, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 239 оздравени пациенти од: Скопје-132, Куманово-22, Дебар-8,  Штип-14, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1, Битола-7, Кавадарци-3, Гостивар-2, Кочани-3, Демир Хисар-4, Делчево-3, Свети Николе-23, Кичево-6, Неготино-1.  

Починат е пациент од Охрид (66г.) во болнички услови.

Можеби ќе ве интересира

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро