Стопиран тендерот од 36 милиони евра „наменет“ за АРХ ЛАБ
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2018
Министерот за здравство Венко Филипче го стопираше тендерот вреден 36 милиони евра, кој го распиша министерството за здравство за набавка на хемиски реагенси, а беше избрана фирма регистрирана од пред неколку емсеци, при што се побунија четири конкуренти.
На тендерот имаше спецификација на машини каквио што поседува само АРХ ЛАБ, кој во наредните три години требаше да прави централизирано испитување на крвта.. АРХ ЛАБ денеска требаше да излезе со свое видување во јавноста.
Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека со евалуацијата е потврдено дека има недостатоци во тендерската документација на единствениот пријавен на тендерот вреден околу 36 милиони евра. Тој рече дека тендерот е стопиран за да се прекинат и сомнежите во јавноста, со оглед на тоа што има само еден понудувач, но и тврди дека при носењето на одлуката немало никакви притисоци.