29 Мај, 2020
0.0186

Фешн Груп донираше на Институт за јавно здравје апарат што ќе прави тестови за Ковид-19 за 30 минути

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2020

Автоматизиран молекуларен RT-PCR апарат и тестови за детекција на корона вирусот, со кои за 30 минути ќе се добие резултат, е донацијата на Фешн Груп како општествено одговорна компанија, за Институтот за јавно здравје. 

„Голема благодарност до Фешн Груп за оваа донација која ни беше потребна.  Апаратот е со 4 независни модули, што значи дека наеднаш можат да се изработуваат 4 тестови, така што капацитетот за 24 часа е околу 168 тестови. Тестот е одобрен од FDA, а системот е патентиран. Тестот е со исклучително висока сензитивност  и е наменет за брза детекција на коронавирусот.  Времето за изработка е 30 минути за позитивен примерок, додека 45 минути за негативен. Предноста на овој тест е што постапката е целосно автоматизирана, манипулацијата со примерокот е сведена на минимум, со тоа е намален и ризикот од контаминација и вкрстена контаминација на примероците“ вели доцент д-р Шабан Мемети директор на Институтот за јавно здравје.

Донацијата на Фешн Груп е од особено значење за Институтот за јавно здравје за да може уште побрзо и навремено да ја  извршува дијагностика во време на пандемија, наменета во служба на граѓаните.

„Горди сме што како Групација допринесовме и обезбедивме апарат и тестови со брз резултат на Институтот за јавно здравје, кои ќе служат во борба со корона вирусот. Навистина е важна поддршката на институциите кои неуморно се во првата борбена линија со пандемијата. Групацијата Фешн Груп како општествено одговорна компанија во изминатите 26 години постојано се грижи за своите граѓани и целокупната заедница“ истакна оперативниот директор на Фешн Груп, Тони Јанковски.

Од компанијата додаваат дека тие постојано се грижат за општото здравје на нивните вработени и потрошувачи со спроведување на највисоки мерки на заштита согласно препораките на СЗО. Компaнијата Фешн Груп продолжува со раст во својот домен, грижа кон општеството и со овој придонес сака дополнително да помогне  во побрзо детектирање на вирусот, а со тоа и побрза лекарска интервенција, за заштита на сите граѓани во општеството.


Можеби ќе ве интересира

LOYALTY ДЕНОВИ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP

LOYALTY ДЕНОВИ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА FASHION GROUP

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Генерали Инвестментс советува: Инвестирањето во акции од нафтената индустрија и воздухопловството само за добрите познавачи

Генерали Инвестментс советува: Инвестирањето во акции од нафтената индустрија и воздухопловството само за добрите познавачи

Стилски совети за впечатлив изглед

Стилски совети за впечатлив изглед

Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

Почнува официјалната продажба на The Frame и The Serif телевизорите во Македонија

„Нова“ организира онлајн хуманитарен базар за училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“

„Нова“ организира онлајн хуманитарен базар за училиштето за деца со посебни потреби „Иднина“

„Божиновски часовници и накит“ ги прогласи победниците на предизвикот „Херои 2020“.

„Божиновски часовници и накит“ ги прогласи победниците на предизвикот „Херои 2020“.

Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

Халкбанк утре почнува со исплата на мајската пензија

Изненадувачки практичен и секако Simply Clever: ENYAQ iV ја претставува иднината на ŠKODA

Изненадувачки практичен и секако Simply Clever: ENYAQ iV ја претставува иднината на ŠKODA