Добивај вести на Viber
Српскиот министерот за финансии и економија Млаѓан Динкиќ денска ги усреќи граѓаните на Србија изјавувајќи дека на сите ќе им бидат вратени пари во износ на неправилно пресметан ДДВ за септемвриските сметки за електрична енергија.
Новиот ДДВ бил засметан за септември иако тој важи од први октомври. Вишокот ќе биде вратен со ноемвриската сметка за струја.
- Не е праведно граѓаните да плаќаат повисок данок за струјата која ја потрошиле претходно само затоа што пресметката е правена во октомври. Можеби законот недоволно прецизно го предвидел тој преоден перид од една во друга даночна стапка. Затоа и донесов ваква одлука, изјавил за Новости министерот.