29 Ноември, 2020
0.0401

„Фејсбук“ повеќе не ги крие бројките: Заев, Касами, СДСМ и Левица едни од најактивните клиенти

Објавено во: Економија 09 Јули, 2020

На помалку од една недела пред вонредните парламентарни избори, политичките партии во услови кога нема масовни митинзи, на големо ги трошат парите за рекламирање, а „предизборната војна“ се пресели на социјалните мрежи со секојдневна промоција на разни форми и содржини на фан-страните, со тоа што „Фејсбук“ овој пат за прв пат објавува кој колку е транспарентен и колку му плаќа.

Македонија од март годинава, заедно со Србија и Црна Гора се најдоа на листа на Фејсбук за нови правила на рекламирање. Огласувачите на изборни и политички реклами треба да се најават и да се знае кој ја плаќа рекламата. Социјалната мрежа  ја додаде и Македонија на листата на земји за кои е потреба авторизација за реклами за општествени прашања, за изборни и за политички реклами. Огласувачите кои објавуваат промоции за избори или политика треба да се авторизираат и на рекламите да пишува кој ги плаќа. 

Се чини дека СДСМ најмногу вложува во рекламирање на „Фесбук“. Страната на Социјалдемократскиот сојуз во текот на вчерашниот ден имаше 710 платени политички реклами, што е убедливо најмногу од сите други. Самиот Зоран Заев на својот профил имаше 150 платени кампањи. СДСМ се рекламира на Фејсбук и преку предизборните профили на кандидатите за пратеници. Така на пример, Љупчо Николовски имаше 120 платени реклами во моментот, Мила Царовска е со 97, Сања Лукаревска 75, додека „Фејсбук“ кај Оливер Спасовски пријави 48. Владеачката партија се рекламира на Фејсбук и преку „локалните“  профили, па така страната „Градска организација на СДСМ - Скопје“ имаше 10 платени активни „бустирања“

„Поради новата политика на „Фејсбук“, политичкото рекламирање за време на предизборните кампањи мора да биде јавно видливо и транспарентно преку нова опција. Може да се види и која е најскапата реклама, кои географски подрачја се таргетирани. може и дури да се види дека фан-страната на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, ја менаџираат четворица Унгарци. Тоа се рекламни кампањи кои траат во период од денови и недели“, вели за „Фактор“ еден од експертите за социјални мрежи кој во случајов сакаше да остане анонимен.

За разлика од СДСМ, евидентно е дека ВМРО-ДПМНЕ преку официјалните изборни страници кои по правило треба да бидат пријавени во „Фејсбук“ има помалку активни платени реклами кај оваа социјална мрежа. Така на главната страна најголемата опозициска партија има само неколку такви кампањи, лидерот Христијан Мицкоски имаше само 9. Бројките во однос на СДСМ се помали и кај останатите партиски функционери и кандидати за пратеници, па така „Фејсбук“ кај Гордана Силјановска Давкова открива само шест платени кампањи во моментот, кај Александар Николоски и Игор Дурловски имаше по 12, кај Владо Мисајловски по 19, а кај Тимчо Муцунски се седум  Главно кај фан-страните на општинските комитети како и кај Унијата на млади сили немаше ниту една платена.

„Ние овдека зборуваме за официјална политичка кампања која транспарентно ја евидентира „Фејсбук“ преку бројки и ја прикажува. Но истовремено, има и други неофицијални профили и групи, каде што исто така може да се плати за рекламирање, но тоа нема да се води како политичко и ќе остане незабележано. Тоа е и можност да се води црна кампања и да се промовираат лажни вести, што инаку би било забрането“, вели познавачот кого го контактиравме.

Што се однесува за цената која може да биде платена за бустираните постови зависи од разни параметри. Во моментов тоа е транспарентно само кај профилот на „Левица“ каде што најскапото рекламирање е платено од 400 до 500 долари за содржина која треба да биде потенцијално видена од половина до милион членови. „Левица“ е наедно и партија која најактивно му плаќа на „Фејсбук“ со 100 официјално пријавени кампањи изминатиот ден, иако на профилот на лидерот Димитар Апасиев нема пријавено ниту една.

Новоформираната „Твоја Партија“ има 13 такви кампањи, додека „Интегра“ има 15, иако претседателот Љупчо Ристовски нема пријавено ниту една на својот профил, а „Демократски сојуз“ има само една. БЕСА, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, има 6, додека ривалот ДУИ само 7. Кај лидерот на БЕСА, Билал Касами, има дури 74 такви бустирања во моментов, а кај претседателот на ДУИ, Али Ахмети, само четири. Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, на профилот кој го отвори нема ниту една платена реклама до синоќа.

Александар Кузмановски




Можеби ќе ве интересира

Хари Локвенец како нов директор на МЖ Инфраструктура: Нема притисоци, до 2025 ќе биде готова железницата до Бугарија

Хари Локвенец како нов директор на МЖ Инфраструктура: Нема притисоци, до 2025 ќе биде готова железницата до Бугарија

Турски инвеститор не сака да продолжи да гради брана во Македонија, бара да му се платат 4 милиони евра

Турски инвеститор не сака да продолжи да гради брана во Македонија, бара да му се платат 4 милиони евра

Рафајловски: Зголемувањето на данокот за куќа и стан во кој не се живее е популистичка мерка

Рафајловски: Зголемувањето на данокот за куќа и стан во кој не се живее е популистичка мерка

Нема да има изедначување, жените сепак во пензија ќе одат на 62 години

Нема да има изедначување, жените сепак во пензија ќе одат на 62 години

Шахпаска: Голем број на млади се пријавија за финансиска поддршка, затоа невработеноста многу се зголеми

Шахпаска: Голем број на млади се пријавија за финансиска поддршка, затоа невработеноста многу се зголеми

Танасоски: Регистрација на возила со странски таблички само доколку се исполнети условите

Танасоски: Регистрација на возила со странски таблички само доколку се исполнети условите

Димитар Ковачевски: Наскоро 6.000 денари на сметките на ранливите категории граѓани

Димитар Ковачевски: Наскоро 6.000 денари на сметките на ранливите категории граѓани

Кирил Лазаров: Во иднина да се проектира и автопатско решение кон Бугарија

Кирил Лазаров: Во иднина да се проектира и автопатско решение кон Бугарија

Одлука на грчката влада: ПЦР-тестовите не смеат да бидат поскапи од 40 евра

Одлука на грчката влада: ПЦР-тестовите не смеат да бидат поскапи од 40 евра