Фатиме Фетаи оценуваше студенти во Штип
Објавено во: Македонија 06 Декември, 2019
Фатиме Фетаи, поранешната специјална јавна обвинителка, беше дел од стручната комисија која даваше мислење за настапите на студентите во натпреварот во симулирано судење на правните државни факултети од Скопје, Битола, Тетово и Штип.
Натпреварувањето се одржа вчера на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во организација на Амбасадата на САД во Скопје. Во комисијата, покрај Фетаи, беше и судијата Лазар Нанев.
Првото место го освоија студентите од Правниот факултет при Унивезитетот „Гоце Делчев“ од Штип.