29 Март, 2024
0.0262

Фактор открива: Кој е Христо Кондовски, адутот на СДСМ за градоначалник на Битола

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Христо Кондовски, еден од најпознатите бизнисмени во Битола е во потесниот круг на СДСМ за избор на кандидат за градоначалник на градот, дознава Фактор од свои извори. Нашите соговорници коментираат дека ако се случи ова, ќе значи дека СДСМ за Битола одлучила да игра на сигурна карта, затоа што Кондовски во градот го сметаат за бизнис икона. 

Кондовски е млад бизнисмен, потекнува од познато интелектуално семејство, а неговиот татко Димче Кондовски е долгогодишен инспектор во Управата за јавни приходи. Христо Кондовски бизнисот го започнува веднаш по дипломирањето во врвот на својата класа на Економскиот факултет-Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола. Негов најголем интерес е осигурувањето, па почнал како агент за осигурување во осигурителното друштво “Вардар осигурување” (подоцна Триглав Осигурување) Скопје каде метриката на неговиот учинок веднаш го позиционира како најуспешен осигурителен агент именуван за Главен агент за големи клиенти. 

Веќе докажаниот осигурителен професионалец во 2014 година заедно со Зоран Пејчиновски во соработка со веќе афирмирани деловни луѓе од земјава го основа денес најголемото осигурително брокерско друштво во земјава, СН Осигурителен брокер АД Битола. Тој всушност е моторот на развојната компонента на друштвото но и врз себе ја носи личната обврска за следење и унапредување на човечките ресурси. 

Во еден наврат вели дека необично за еден извршен директор, неговиот личен телефонски број е во именикот на секој од неговите скоро 500 непосредни но и посредни вработени ширум земјава. Бил отворен за своите 80.000 клиенти во базата на СН Брокер, од кои 40.000 се во Битола. 


Во 2017 година своето искуство и знаење и неуморен претприемачки креативен дух го имплементира како косопственик на Финансиско друштво СН Финансии ДОО Битола, СН Менувачница ДОО Битола, СНММ7 Инфо Медиа ДОО Битола, а во 2018 и на СН Сообраќаен центар ДОО Битола, СН Центар за моторни возила ДООЕЛ Битола и СН Центар за угостителство ДООЕЛ Битола. СН Центар е воедно и најголема приватна инвестиција во битолскиот регион во последните 15 години која е по инцијатива на Христо Кондовски. Како претседател на Надзорен одбор се јавува во Финансиско друштво СН Финансии ДОО Битола, а како член на орган за управување во СН Менувачница ДОО Битола, СНММ7 Инфо Медиа ДОО Битола, а во 2018 и на СН Сообраќаен центар ДОО Битола, СН Центар за моторни возила ДООЕЛ Битола и СН Центар за угостителство ДООЕЛ Битола. Сопственик е на Задруга за одгледување на лешници од 2016 година, а како основач, а воедно е и сопственик  на Друштвото за кредитно посредување ДКПСН ДОО Битола. 

Во 2020 е коосновач и сопственик на Друштвото за управување со инвестициски фондови СНИФ ДОО Битола, кое управува со приватен инвестициски фонд Архистратиг-М Битола. Овој инвестициски фонд има низа национални инвестиции. Од март 2021 година со одлука на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се станува член на работна група за воспоставување на концепт за развој на земјоделски осигурителен пул несебично ставајќи се на располагање со своите стручни капацитети на Републиката. 

Кондовски активно настојува да придонесе кон создавање на еден нов хуманизиран хабитат за своето опкружување преку членувањето во Ротари клубот, каде од 2015 е и член на Управниот Одбор. 

СН Групацијата имаше значаен удел во вакциналните пунктови во Битола и Охрид. Покрај деловниот ангажман тој е и посветен сопруг и татко на три деца. 


Капацитетите на овој репрезент на младата авангардна бизнис генерација се препознати од деловни професионалци од целиот свет така што во 2019 година тој се вбројува во добитниците на меѓународната награда Business elite’s 40 under 40 за Југоисточна Европа. Кондовски во моментов е докторант на отсекот осигурување при Битолскиот универзитет на факултетот за туризам и угостителство.



Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани