19 Април, 2024
0.0309

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заразени нови 76 луѓе, а до четврток ќе знаеме дали ќе се вратат рестрикциите

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

НОВИ 76 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Се зголеми бројот на заразени од коронавирусот. 

Според најновата статистика, бројот на заразени е 76, а тестирани се 885 луѓе.

Министерот Филипче претходно соопшти дека бројот на инфицирани е 67.

Во Скопје има 52, во Куманово 2, во Штип 1, во Тетово 14, во Велес 2, во Гостивар 2, во Кочани 1, во  Пробиштип 1 и во  Кратово исто 1.

Ќе бидат тестирани и полицајци кои биле на јужната граница, наши и странски. 

„Игнорирањето на вирусот нема да помогне во оваа состојба. Граѓаните кои се одговорни, и кои доследно се придржуваат за овие мерки треба да бидат пример за сите останати“, рече министерот. 

Се разгледува можноста за враќање на рестрикциите, но одлука ќе се носи во текот на следните денови. 

ГАНИУ ПОЗИТИВЕН, А АРАФАТ МУАРЕМИ НЕГАТИВЕН НА КОРОНАВИРУСОТ

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, е позитивен на Ковид-19.

„По извршениот тест вчера, сакам да ве информирам дека резултатот е позитивен“, напиша Ганиу на Фејсбук. 

Тој вели дека длабоко се извинува и изразува жалење до сите со кои имал контакт изминатиов период.

Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми објави дека е негативен на коронавирус. 

„Ги добив резултатите од тестирањето за Ковид-19 и истите се НЕГАТИВНИ. Согласно препораките на епидемиолозите и понатаму останувам во домашна изолација до 09.06.2020. Воедно, сакам да ви искажам бескрајна благодарност за пораките и за грижата која што ја добив од ваша страна по вчерашното објавување на веста.

На сите оние кои што во овој момент се борат против вирусот им посакувам брзо закрепнување, а до сите останати сакам да упатам апел за строго почитување на мерките и препораките од надлежните институции“, пишува тој на Фејсбук. 

ОД КОРОНА ПОЧИНА И МЕДИУМСКИ РАБОТНИК

44-годишниот Беким Бајрамоски е првиот медиумски работник кој почина во земјава. Тој е меѓу седумината кои починаа вчера. Бајрамовски беше вработен во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа. 

Според директорот на Центарот за јавно здравје во Охрид, д-р. Сашо Точков, Бајрамовски со вирусот се заразил од средината и како што вели, станува збор за контакти меѓу луѓе кои се семејно поврзани. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Наместо до 9 јуни, понуди од оператори за јавно-приватно партнерство за изградба, одржување и управување на дистрибутивната мрежа за масовна достава на природен гас до домаќинствата во Македонија ќе се поднесуваат до 10 август.

Критички до крај, многу остро и отворено, д-р. Владимир Лазаревик, експерт по јавно здравје и поранешен заменик министер за здравство смета дека владините мерки во однос на борбата против корона вирусот во земјава целосно потфрлија.

Повторно се профитабилни, но нивните вкупни добивки во првите три месеци од годинава се пониски од оние остварени во истиот период лани.

Huawei прерасна во препознатлив мобилен бренд, втор по вкупен број на продадени мобилни телефони со многу популарни модели, атрактивни цени и врвни перформанси и покрај влијанието на КОВИД-19 кризата. 

Во вонредна ситуација, кога нормалниот тек на животот е променет, целокупниот бизнис сектор се обидува да се прилагоди на новонастанатата состојба и да имплементира мерки кои ќе ги намалат ефектите од ударот на економската криза.

До 2006 година во Повардарието имаше поголеми површини засадени со аспарагус, култура која денес скоро и да ја нема.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени