20 Април, 2024
0.0289

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели дека пораката е примена, добиле жолт картон, но ќе се поправат

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

ЗАЕВ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГО СЛУШААТ ГЛАСОТ НА НАРОДОТ

Maкедонскиот премиер Зоран Заев денеска изјави дека добиле „жолт“ картон од граѓаните и дека СДСМ се менува од овој момент. 

Вели дека од нив зависи дали тој картон ќе биде црвен. Заев нагласи дека се свесни дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки. Премиерот кажа дека Владата не може напред, ако Скопје влече назад. 

„Ние сме партија која ги слуша луѓето, а не гази врз нив. СДСМ учи, се менува, и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните. СДСМ од понеделникот е влезена во процес на редефинирање и унапредување на каналите за интеракција и комуникација со граѓаните. Од овој момент СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува“, кажа на СДСМ.

На седмите локални избори кое се одржаа во неделата, СДСМ изгуби голем број гласови. Независните листи влегоа во многу општински совети. 

Вчера беше објавено писмо на Заев во кое тој вели дека режимот влегол во некои општини. 


ДЕНЕС ИМА НАД 480 ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.491 тестирањe, а регистрирани се 487 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 230, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен  - по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2, Берово и Демир Хисар – по 1.

ПАРТИИТЕ СО КАЛКУЛАЦИИ ЗА ВТОРИОТ КРУГ


Алијансата за Албанците во вториот изборен круг се очекува да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кичево, Александар Јовановски, изјави генералниот секретар на оваа партија, Арбен Таравари.

ЛДП и ДОМ јавно нема да дадат јавна поддршка за ниту еден од кандидатите на „Најдоброто за вашата општина“. 

Димитар Апасиев, претседателот на „Левица“, со цитат од кубанскиот лидер Фидел Кастро одби формално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ за предвремена пресметка со владеачкиот СДСМ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Од општина до општина и на овие локални избори варира бројката на неважечки гласачки ливчиња. 

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, порано познато како „Македонија пат“, годината 2020 ја завршило со 130 работници повеќе во однос на една претходно.

Европа подготвува огромни фондови за енергетска транзиција кои засега за Македонија и земјите од Западен Балкан се минимални, но трошоците од загадувањето со термоелектраните се одразуваат и во ЕУ, особено со проценките за здравјето и последиците како речиси 20 илјади загубени животи.

Во девет средни училишта во Скопје, денеска стартува најавениот скрининг на учениците при што ќе бидат тестирани 258 ученици, со цел рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на ковид-19 меѓу учениците.

Овие денови не се лесни за партиските кандидати кои не успеаја да ја освојат довербата на своите сограѓани уште во првиот изборен круг, па ќе мора да се натпреваруваат со своите лути ривали на второто изборно соочување. 

Ако се продолжи со оваа негрижа и непланско работење, а имаме долга студена зима за жал можни се и рестрикции на електрична енергија, вели во разговор за Фактор Сања Божиновска, енергетски консултант, советник за енергетика која моментно работи надвор од Македонија.

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ