29 Март, 2024
0.0265

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Објавено во: Македонија 13 Август, 2020

Добивај вести на Viber

ПЕНДАРОВСКИ МУ ГО ДАДЕ МАНДАТОТ НА ЗАЕВ

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, му го додели мандатот за составување на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој најави дека во наредните 20 дена ќе биде формирана егзекутивата.

„Чест и одговорнст ми е што согласно Уставот, како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, денеска да го добијам мандатот од претседател за составување на нова одговорна европска Влада со инстоитуции кои ќе служат уште повеќе. Имаме рок од 20 дена за определување на кадри за полн четиригодишен мандат за стабилна влада која ќе биде подготвена да им служи на сите граѓани подеднакво без било какви предрасуди и национализми“, рече Заев во протоколарниот дел.

Тој најави дека ќе бидат предложени одговорнии отчетни кадри кои, како што вели, ќе се борат против криминалот и корупцијата, прочистување на правосудството и проверка на потеклото на парите на секој функционер.

Најави дека економски приоритет ќе биде вложување во младите, рамномерниот регионален развој, политика за најсиромашните граѓани и домашното стопанство, 

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ЗАМРЗНУВА ОДНОСИТЕ СО ПЕНДАРОВСКИ

Партијата ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со  претседателот на државата, Стево Пендаровски. 

Ова го најави партискиот претседател Христијан Мицкоски, откако како што рече денеска Пендаровски му даде мандат за состав на Влада на пратеникот Зоран Заев. 

Тој обвини дека Заев нема мнозинство, и праша зошто Пендаровски му го дал мандатот на Заев кога исто ветување дека ќе има мнозинство можел да даде секој друг пратеник. 

Според Мицкоски, Македонија оди во погрешна насока. 

Заев пак вети дека за 20 дена ќе состави Влада. 

СДСМ со денови преговара со ДУИ, со цел составување на Влада. 

НОВИ 141 ЗАРАЗЕН СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1. 

Починати се два пациенти, пациент од Скопје (88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80г.) вонболнички. 

ИМА ПРЕДЛОГ ЗА НАСТАВА ВО ВРЕМЕ НА КОВИД -19

Комисијата за заразни болести денеска на состанок со претставници на Министерството за образование и наука, предложила учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава. 

Повозрасните ученици според предлогот ќе треба да учат од дома.

Ова за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче. 

Тој вели дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради пандемијата на коронавирусот, во библиотеките ширум Македонија книгите кои читателите ги зајмиле и вратиле се ставаат во карантин.

Национална опера и балет е „најпосакуван“ клиент на снабдувачот на топлина Балкан Енерџи Дооел Скопје со месечни фактури и до 20.000 евра, а од таму се согласуваат дека овие сметки се скапи во периодот кога сите се соочуваат со економски последици од кризата предизвикана од епидемијата. 

Директорот на приватното училиште НОВА, Иван Новаковски, во разговор за Фактор ги открива сите детали од долготрајниот процес на подготовка на оваа образовна институција за старт на новата учебна година.

Како бомба не само во бизнис и во банкарскиот свет, туку и во цела држава оптоварена со политичката неизвесност околу формирањето на новата влада, одекна веста за стечајот на Еуростандард банка на бизнисменот Трифун Костовски.

Најголемите пет од малите хидроцентрали лани работеле со профитни маргини од 12 до 47 отсто, сооднос на кој многумина бизнисмени од други бранши ќе позеленат од љубомора. 

Корона вирусот ги спречи масовните патувања ова лето, но, сепак има граѓани кои својот годишен одмор го користат во странските туристички дестинации.

Се огласија банкарите по затворањето на Еуростандард банка. 

Велат дека ниту една друга банка во земјава не е ризична. Ниту една банка, тврдат тие, ги нема слабостите на Еуростандард банка. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница