13 Август, 2020
0.0401

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За едно деноноќие дури 15 починати, можно е затворање на границата кон Србија и Косово

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јули, 2020

ЗА 24 ЧАСА ПОЧИНАА 15 ЛУЃЕ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Црн биланс имаме и денес во Македонија. Дури 15 починати и нови 173 заразени од коронавирус во земјава за 24 часа. 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.653 тестирања, а регистрирани се 173 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-75, Куманово-9, Дебар-6, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-9, Струга-14, Велес-3, Охрид-10, Кавадарци-3, Гостивар-7, Гевгелија-2, Струмица-1, Крушево-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Берово-1, Валандово-1, Свети Николе-6, Кичево-3, Ресен-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 150 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-1, Штип-7, Тетово-12, Струга-10, Велес-1, Охрид-4, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Неготино-2.

Починати се 15 лица, осум од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга, еден пациент од Охрид и двајца од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 лица, на возраст 64,73 и 80 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се 9 лица, двајца пациенти на возраст од 54 години, останатите на возраст од 60, 61, 75, 45, 74, 57 и 65 години.

Две лица од Скопје и Гостивар се починати дома на возраст од 65 односно 82 години. Во болница во Струга е почината пациентка на 67 години.

Двајца од заразените со коронавирусот починале дома, дознава Фактор од извори во Министерството за здравство. 

Станува збор за жена од Гостивар која одбила да биде хоспитализирана и маж од Скопје кој бил во краен стадиум на канцер. 

УТРЕ ЌЕ СЕ ЗНАЕ ДАЛИ ЌЕ СЕ ЗАТВОРИ ГРАНИЦАТА КОН СРБИЈА И КОСОВО

Комисијата за заразни болести утре на состанокот ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или дури и затворање на граничните премини со овие две земји, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, информира Министерството за здравство.

-Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. 

По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата, се наведува во соопштението на Минситерството за здравство.

ЗАЕВ ДАДЕ ОДГОВОР ЗА „БОМБАТА“

Зоран Заев, за последната објавена „бомба“ во која лидерот на СДСМ вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“ и после „мамата ќе им ја е..л“ на сите денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана во неврзан разговор.

- После два саати и 17 минути во кафана на слободен разговор, се слушуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече денеска Заев на конференцијата пред Собранието.

Во „бомбата“ Заев тврди дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто, а потоа најавува дека, според кажаното, нема да се однесува фер сп сите кои ќе влезат кај него во коалиција.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Не треба да прават ПЦР тестови при влез во земјава, но сите македонски и странски државјани кои ќе влезат во земјава од странство ќе мора во текот на првите 14 дена да почитуваат некои правила.

Владата прави максимални напори земјава да влезе во „белата листа“ на Европската унија, но во тоа ќе мора да и помогнат и граѓаните, со дисциплина и со почитување на мерките за заштита. 

Некој што веќе се изборил со корона вирусот, не може повторно да биде позитивен, смета инфектологот Вело Марковски, кој во интервјуто за Фактор, својот став го темели на мислењето дека брзите ПЦР тестови за Ковид-19 не се најсоодветни.

Двајца работници во две фабрики кои вработуваат илјадници луѓе во Кавадарци, се позитивни на коронавирусот. 

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ ќе почне да функционира уште еден пункт за тестирање од корона вирусот, потврди за Фактор, директорот на Здравствен дом Скопје, д-р. Виктор Исјановски. 

Иако засега вратите на земјите од ЕУ се затворени за македонските граѓани, сепак голем е бројот на македонски државјани кои се отселиле, а најголем дел од нив се во Германија.

Можеби ќе ве интересира

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Има основи за напредок, тврдат од СДСМ и ДУИ по средбата на Заев и Ахмети

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

Пендаровски не бараше гаранции, и нема да бара доколку Заев го врати мандатот

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

ВМРО - ДПМНЕ ќе ги замрзне односите со Пендаровски

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

МИЦКОСКИ: Ситуацијата во државата оди во погрешен правец

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски ќе ги прими пратениците на ВМРО-ДПМНЕ