28 Март, 2024
0.0300

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 24 часа има 640 заразени, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за рестриктивните мерки

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ИМАМЕ 640 ЗАРАЗЕНИ И 12 ПОЧИНАТИ 

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2634 тестирања, а регистрирани се 640 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-272, Куманово-43, Дебар-5, Штип-17, Прилеп-41, Тетово-41, Струга-4, Велес-11, Битола-10, Охрид-24, Кавадарци-41, Гостивар-12, Гевгелија-11, Струмица-24, Крива Паланка-2, Радовиш-9, Кочани-20, Пробиштип-3, Берово-2, Валандово-3, Виница-4, Делчево-3, Свети Николе-7, Кичево-17, Ресен-4, Неготино-10.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 143 оздравени пациенти од: Скопје-71, Куманово-5 Дебар-1, Штип-7, Тетово-10, Струга-4, Велес-2, Битола-3, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-9, Радовиш-1, Кочани-6, Берово-3, Валандово-3, Свети Николе-2, Кичево-1, Неготино-2. 

Починати се 12 лица, двајца пациенти од Велес (79 и 89г), седум пациенти од Скопје (63, 78, 70, 73, 70, 71 и 64г), еден пациент од Прилеп (73г), еден од Штип (72г) и еден пациент од Струмица (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСА ВОЗДРЖАНО ЗА МЕРКИТЕ

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека најголемата опозициска партија ќе направи кворум со присуство, но ќе гласа воздржано за предложените измени во Законот за заштита на населението од заразни болести со кои треба да бидат донесени рестриктивните мерки против коронавирусот.

Станува збор за измени со кои на населението ќе му бидат забранети јавни собири по 22.00 часот, семејни прослави со број на гости поголем од четири души и задолжитечно носење на заштитни маски на отворено.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, изјави денеска Мицевски.

Пленарната седница, според најавите на претседателот на Собранието, Талат Џафери, предвидена е за 27 октомври.

ОДЛОЖЕНО РОЧИШТЕТО ЗА МЕЃУНАРОДЕН СОЈУЗ

Бојан Јовановски - Боки 13 е префрлен на универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ поради што е одложено денешното рочиште за „Рекет-2“. Јовановски е првообвинет во овој случај за кој станува збор за невладината организација „Меѓународен сојуз“. Следното рочиште е закажано за 28 октомври

Бојан Јовановски е во болница од завчера, а таму е спроведен од затворскиот притвор.

Тој беше прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Второобвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски која била заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, а обвинети се и Јасна Мандиќ, таткото на Бојан - Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. 

ЛЕВИЦА БАРА ДА СЕ ОСУДИ БУГАРСКИОТ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИЗАМ

Левица денеска со двајцата пратеници Димитар Апасиев и Ворис Крмов до претседателот на Собранието доставија предлог Декларација во 10 точки за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии. Партијата очекува точките да бидат прифатени од сите пратеници во Законодавниот дом.

Во Декларацијата се бара да се отфрли „бугарскиот т.н. Објаснувачки меморандум за односите на Република Бугарија со Република Македонија во контекст на проширувањето на Европската унија и процесот на асоцијација и стабилизација (септември 2020) упатен од страна на официјална Софија до земјите-членки на ЕУ, како недоличен шовинистички акт кои ги урива добрососедските односи меѓу двете земји“

Во предлогот што се бара да биде прифатен стои дека „Македонското име, јазик, култура, идентитет, историја, национална свест и самобитност се апсолутно, суверено, нераскинливо и неотуѓиво универзално колективно право на македонскиот народ“

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со над 34,5 милиони евра доброволни пензиски заштеди располагаат во моментов двете друштва кои управуваат со пензиски фондови од третиот доброволен пензиски столб во државата. 

Откако пандемијата на коронавирусот ќе заврши, Македонија ја чека одлив на медицински сестри.

Државната пошта е монопол што во годините наназад има акумулирана загуба поголема од 10 милиони евра.

Гевгелија некогаш беше град со најниска стапка на невработеност на ниво на Републиката. Македонскиот Лас Вегас беше примамлив за грчките туристи кои носеа значаен девизен прилив. 

Директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов, во денешната емисија на ТВ 24, „Студио 10„ изјави дека ако се преполнат болниците со пациенти болни од корона вирусот, тогаш е неизбежно Градската општа болница да отвори дополнителни капацитети за хоспитализација на заразените со тешка форма на болеста.

Во текот на вчерашниот ден во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести беа примени 15 пациенти, а синоќа во разговор за Фактор, директорката на оваа клиника, д-р. Милена Стевановиќ потврди дека се примни уште најмалку 5 до 6 пациенти.

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони остварила приход од 6,5 милиони денари од издавање на парцелите под закуп на странските и домашните инвеститори кои работат во нив. 

Дали олеснувањето на должничкиот товар со одложување на плаќањето на кредитите, кое траеше шест месеци, сега ќе им предизвика нови главоболки на граѓаните?

Нашиот пациент Бојан Јовановски, кој подолго време беше хоспитализиран во Универзитетската болница за хируршки болести, „Свети Климет Охридски“, повторно е примен на лекување пред неколку дена, со нарушена општа состојба, потврди за Фактор, директорот, д-р. Љубен Арсенков.

Можеби ќе ве интересира

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

МОТИВИТЕ ЗА УБИСТВОТО НЕ СЕ ПОВРЗАНИ СО НЕГОВАТА ПРОФЕСИЈА - приведени се двајца за убиството на матичниот доктор во Железара

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ НЕ ОЧЕКУВА ПРОЛЕТТВА - Славчо Попоски со прогноза за следниве месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите се подготвуваат за изборите, Тошковски загрижен за изборниот процес во ИЕ 6

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант

КУМАНОВЕЦ „ОЛЕСНЕТ“ ЗА 800 ЕВРА: Му дале бижутерија лажејќи го дека е дијамант