24 Април, 2024
0.0279

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 24 часа 180 инфицирани со Ковид - 19, двајца починаа

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

ДЕНЕС ИМА ПОВЕЌЕ ЗАРАЗЕНИ ОД ВЧЕРА

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на Ковид-19, објави Министерството за здравство.

- Скопје 109
- Куманово 26
- Дебар 1
- Штип 15
- Тетово 12
- Струга 1
- Велес 1
- Битола 1
- Охрид 1
- Гостивар 8
- Гевгелија 2
- Валандово 1
- Свети Николе 1
- Неготино 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

- Скопје 6
- Прилеп 1
- Велес 4

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД ЗАРАЗЕНИТЕ СЕ ОД 15 СЕМЕЈСТВА

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска на прес - конференција изјави дека за 24 часа имаме 180 нови случаи на заразени со коронавирусот. 

Има и 11 оздравени пациенти, но и двајца починати. 

„Продолжува тестирањето на сите контакти на сите заболени во општините“, вели Филипче. 

Околу 15 семејства носат 90 отсто од новите случаи, а имало и нови спорадични случаи. 

„Несомнено е дека имаме и втор бран, што укажува на непочитување на мерките за собирање“, рече министерот. 

Имало и одреден број на асимптоматски случаи, како што наведе Филипче. 

„Сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но остануваме крајно внимателни и претпазливи“, додава Филипче. 

Рече дека вирулентноста слабее, но тоа не значи дека вирусот не е опасен, напротив и сега има заболени со тешка клиничка слика. 

АХМЕТИ СМЕТА ДЕКА Е ВРЕМЕ ЗА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ, ЗАЕВ МУ ОДГОВОРИ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев врати на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој кажа дека „е време за премиер Албанец“. 

Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку 61 пратеник, изјави за ТВ21 лидерот на СДСМ, Зоран Заев во врска со изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој на својот Фејсбук профил напиша дека е време за Албанец премиер во Македонија

„Според Уставот, пратениците во Собранието се бираат според волјата на граѓаните, а не според етничката припадност на еден или друг кандидат. Точно е дека граѓаните во нашето општество сѐ повеќе ги надминуваат етничките бариери, но поважно од тоа е дека при изборот тие се водат пред сѐ од квалитетите на кандидатот и посебно од неговиот однос кон граѓаните, од неговата општествена посветеност за добробит на сите граѓани и државата, како и личниот пример што како впечаток кандидатот го остава пред граѓаните. Доколу СДСМ победи на изборите , јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години.

Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада“, вели Заев.

Ахмети, денеска, на 18-годишниот јубилеј од формирањето на партијата, им го честиташе денот симпатизерите, членството, активистите нагласувајќи дека Демократската унија за интеграција ја одбележува годишнината како најголем субјект на Албанците во нашата земја, наследник на Националната ослободителна армија и легитимни претставници и апсолутни претставници на политичката волја на Албанците во последните две децении.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Скопје мораше цело да се стави под карантин, поинаку ќе имаше многу поголеми проблеми, вели во разговор за Фактор, д-р Виктор Исјановски, директор на Здравствен дом-Скопје и член на Комисијата за заразни болести. 

Требаше да работиме со стратегија на стекнување јак колективен имунитет уште на почетокот, затоа што е јасно дека колку повеќе луѓе заболат толку побрзо епидемијата ќе исчезне, вели за Фактор епидимиологот проф д-р. Никола Оровчанец, пензиониран професор на Медицински факултет. 

Оровчанец смета дека моментално во прилог ни оди топлото време и УВ-зрачењето кое ќе го неутрилизира вирусот.

Секој што можеше вчера попладне, пред да стапи на сила 80-часовниот карантин, го напушти главниот град. Но, ист е случајот и со Штип, каде и таму е воведен целосен карантин, како една од општините од каде има најголем број на заразени во последните неколку дена.

Хана Селмани е матурантка во меѓународното училиште „Нова“, а ќе го продолжи своето академско патување во едно од најпрестижните училишта во светот – универзитетот Њујорк на кампусот во Абу Даби. 

Таа го започнала својот пат во „Нова“ на почетокот од средното училиште и е задоволна со изборот што го направила.

Можеби ќе ве интересира

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите