28 Март, 2024
0.0301

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ испорача неколку барања до власта, а денес имаме 183 нови заразени

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ИСПОРАЧА НЕКОЛКУ БАРАЊА ДО ВЛАСТА

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва на протестот изјави дека правдата во Македонија е нападната. 

Вели дека една помината ноќ во затвор на невин човек е потешка од 10 години затвор на осуден криминалец. 

„Ништо не се смени во овие 4 години. Тие како и пред 4 години ветуваат исти работи. 4 години живееме во состојба на „ќе“, рече Мицкоски. 

Вели дека во оваа земја владеат законите на криминалците. 

Тврди дека луѓе кои пишувале критички против власта се прераспределени од Скопје да работат во Кичево. 

Мицкоски порача дека работите мора да се менуваат од корен и дека судството и обвинителството се клекнати на колена. 

Бараат опозицијата да предложи непристрасен јавен обвинител. 

Да се спречи реваншизмот, и да се формира Комисија за заштита од дискриминација, и да се донесе закон. 

ДЕНЕСКА ВИСОКА БРОЈКА НА ЗАРАЗЕНИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2. 

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови. 

ПОЧНА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ВО КОЈ РУСКОВСКА ГО ТУЖИ ВМРО-ДПМНЕ

Почна судскиот процес во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужи партијата ВМРО-ДПМНЕ,  затоа што во спотовите за изборната кампања која заврши го злоупотребиле нејзиното име. 

Во граѓанскиот суд денеска се одржа подготвително рочиште.

Русковска ги тужи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како лидер на партијата. 

Таа поведе постапка поради двата спота во кои е прикажан нејзиниот лик како некој кој работи по диктат на СДСМ. 

Тие предизвикале душевна болка и анксизност кај обвинителката. 

СПАСОВСКИ ГО КАЗНИ ЗАЕВ

Некогаш не е лесно да се практикува функцијата. Некогаш мора да му се пише казна дури и на сопствениот партиски лидер. 

Вчера, за сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, Министерството за внатрешни работи ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ИМА 951 ПОЗИТИВЕН

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември 2020 година, тестирани се вкупно 9.661 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, зголемување од 15.7% во однос на минатата недела. 

Регистрирани се вкупно 951 позитивни случаи од 29 градови во државата што претставува зголемување од 34,9% во однос на минатата недела. 

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје 27,4%, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кочани -154,3 на 100.000 жители. Во истиот период, во 16 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата не чекаше долго за да го земе кредитот од Светска банка од 90 милиони евра, за во кој предизборието имаше жестока политичка кавга на релација власт-опозиција, односно меѓу двете дами тогаш на првите две раководни позиции во Министерството за финансии, Нина Ангеловска и Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од вкупно 66 барања за настава со физичко присуство во средните училишта, владината Комисија даде согласност само за четири, односно учениците физички ќе одат во школо само во две државни училишта за деца со посебни образовни потреби, во едно приватно средно училиште, и во едно општинско средно училиште.

„Комерцијална банка“ останува најголема банка од аспект на вредноста на средствата, а НЛБ Банка и Халк банка во корона услови книжат најголеми растови (период од шест месеци до крај на јуни годинава н.з.). 

Откако почна Ковид кризата во земјава имало бројни поплаки од граѓаните во Организацијата за заштита на потрошувачи.

Македонската градежна компанија „Настел“ е финалист на престижниот натпревар за луксузна градба, архитектура и дизајн, што ќе се одржи на 30-ти септември во Софија –Оскари за градежништво 2020. 

Можеби ќе ве интересира

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?