16 Април, 2024
0.0554

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ги предаде контактите на Бектеши, сега на потег е Владата

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПРЕДАДЕ КОНТАКТИТЕ НА БЕКТЕШИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска брифираше дека на министерот за економија Крешник Бектеши му се предадени контактите и договорени се средбите на кои Владата треба да изменаџира за поевтини количини на гас и мазут од западни компании. Единствено засега е познато дека гас ќе се набавува преку трговци од западни земји кои имаат договорено количини со Газпром.

По синоќешната средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како лице за контакт беше одреден министерот за економија, Крешник Бектеши. 

ЖАН МИТРЕВ ДАЛ ГАРАНЦИЈА ОД МИЛИОН ЕВРА

Сопственикот на приватната болница Жан Митрев дал гаранција од 1 милион евра дека нема да бега по случајот што го отвори Обвинителството. 

Ова се случило пред околу еден месец откако во меѓувреме на кардиохирургот му беше одземена патната исправа. Ваква одлука тогаш ја донесе судијата на претходна постапка откако Јавното Обвинителство го сослуша и побара мерка за обезбедување.

ОБЈАВЕНА Е ЛИСТА СО МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ КОИ СЕ БОРЕЛЕ ВО СИРИЈА

Oбјавена е „црна листа“ на борци од Македонија кои војувале во Сирија.

Владата ја објави листата на 15 мажи на возраст од околу 30 години кои ја напуштиле земјава за да се приклучат кон терористичката организација „Исламска држава“ во војната во Сирија. Тоа се лица по потекло од Скопје, Гостивар, Куманово и Струга, а мерките за замрзнување на  имотот и сметките се на неопределено време. Тие заминале од Македонија во 2014 и 2015 како припадници на ИСИС да се борат во Сирија. 

Дел од нив се и кривично гонети. 

УКРАИНЦИТЕ ТВРДАТ ДЕКА РУСИТЕ МАЧЕЛЕ ЦИВИЛИ

Сергеј Болвинов, шеф на истражниот оддел на државната полиција во регионот Харков, на својот профил на Фејсбук открива страшни сцени од едно од мачилиштата.

Имено, украинската полиција соопшти дека по ослободувањето на селото Писки-Радкивски во областа Харков, нивната војска пронашла соба во подрум на семејна куќа во која Русите мачеле војници и цивили. Детали за тоа што е пронајдено во собата соопшти Болвинов, нагласувајќи дека видеото и фотографиите се крајно вознемирувачки.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

На социјалните мрежи има бројни огласи каде земјоделците нудат овошје, зеленчук и млечни производи по прифатливи цени.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како надлежен орган, веќе трета година по ред е главен поддржувач на кампањата на ЕФСА, „СТОП за Африканската чума кај свињите“, која што има за цел да ја подобри информираноста и да ја зголеми свеста за оваа болест, како и да придонесе за подобра едукација на граѓаните и целните групи за важноста за превентивните мерки и активностите кои се преземаат за заштита од ширењето на оваа болест во засегнатите сектори (фармери, ловци и ветеринари). 

Нова функција се додава во Владата. Имено, мноштвото национални координатори за одредени работи, нешто што пред неколку години дури и не постоеше како функција или беше многу ретко, сега ќе се надополни со уште еден.

Драган Тилев, државниот советник на Секретаријатот за европски прашања, е нов член на Управниот одбор на „Винарска визба Тиквеш“. Најголемата винарија во Македонија ваквата одлука ја донела на 29 септември.

Новото задолжување од 250 милиони евра преку германската Дојче банк веќе е објавено во Службен весник. Всушност, нашата држава ќе издаде регистрирани хартии од вредност кај Дојче банк на таа сума, а за оваа намера неодамна веќе и извести Министерството за финансии, за што објави и Фактор. 

Можеби ќе ве интересира

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?