ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата се откажа од прогресивниот данок, има само проширување на даночната база

Објавено во: Економија 01 Декември, 2022
ВЛАДАТА СЕ ОТКАЖА ОД ПРОГРЕСИВНИОТ ДАНОК
Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција објави дека на владината седница е одлучено да се укине воведувањето на прогресивното оданочување, кое беше одложено и требаше да започне од 1 јануари 2023. Ваквата одлука е донесена по состаноците со деловната заедница.
Ковачевски рече дека нема да има зголемување на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, но дека ќе се зголеми даночната ефикасност. Ковачевски потврди дека штедните влогови и депозити нема да се оданочуваат и понатаму.
„Оданочувањето ќе се воведува во повеќе етапи во интерес на прилагодување на повеќе страни. Со овој нов концепт не се предвидуваат нови даноци и нивно зголемување“, објави Ковачевски.НОВИ ДОЈАВИ ЗА БОМБИ
Попладнево е прекината наставата во повеќе скопски гимназии. Нови дојави за бомби пристигнале во „Никола Карев“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“...
Учениците и наставниците кои ја доставија информацијата до редакцијата на Фактор велат дека веќе се безбедно евакуирани и дека пристигнале екипите на МВР кои прават детална проверка во објектите.СПАСОВСКИ ВЕЛИ ЗА СИНОТ НА БУШИ СЕ РАБОТЕЛО ЗА ШПЕКУЛЦИЈА
Првиот човек на Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека беше креирана вест врз основа на шпекулации дека синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши не застанал на полициски службеници.
Имало јавување од граѓанин дека одредено возило се движи со поголема брзина. Тој материјал е евидентиран, вели дека разговорот е снимен. Но, вели не станува збор за службено возило.
„Воопшто возилото не е стопирано од полиција, не е точно дека не застанал на полициска патрола“, рече Спасовски.НЕДЕЛА ОСТАНУВА НЕРАБОТЕН ДЕН
Недела останува неработен ден за најголем дел од работниците во земјава.
Вака одлучиле мнозинството судии од Уставниот суд.
Портпаролката на највисоката судска инстанца во земјава Кристина Беловска на пресконференција соопшти дека Уставниот суд на својата денешна седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Можеби ќе ве интересира
Лани државата за 17 отсто ги зголемила приходите од даноци

НОВ БРАН ПРОТЕСТИ ЈА ПАРАЛИЗИРАА ФРАНЦИЈА: Училиштата затворени, сообраќајот во застој

Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз
ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Официјално: Над 10.000 Македонци лани работеле како странци во Хрватска

За колку се намали вредност на рубљата во однос на доларот?

ПОТРЕБНИ СЕ И ВО ЈАВЕН И ВО ПРИВАТЕН СЕКТОР: Оваа професија станува популарна

Прогнозите на ММФ контрадикторни: „Очекувајте го неочекуваното“, а оваа земја дефинитивно оди во рецесија
