24 Април, 2024
0.0284

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште нема договор за Влада, а Трифун Костовски најави дека ќе тужи

Објавено во: Македонија 14 Август, 2020

Добивај вести на Viber

СДСМ ДЕМАНТИРАШЕ ДЕКА ДОГОВОРИЛЕ ПРЕМИЕР СО ДУИ

СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

„Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина. Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори. СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена. На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда“, се наведува во демантот. 

СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти.

ТРИФУН КОСТОВСКИ НАЈАВИ ТУЖБИ

Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски за одземањето на дозволата од Народна банка смета дека е однапред  смислено сценарио и особено затоа што е донесено во време на паднемија со ковид, кога не е формирана Влада. 

Доколку се донесе одлука за отворање на стечај за банката, сопствениците ќе ја тужат државата и Народна банка пред меѓународни судови, а сите средства како што рекоа кои ќе ги добијат ќе ги наменат за да се раздолжат кон клиентите, граѓаните и фирмите депоненти, за кои изрази големо жалење што се најдоа во ваква ситуација. 

Вети дека сите средства ќе одат за нив. 

Не ја ставајте во овој вител министерката за финансии, Нина Ангеловска бидејќи таа е стар клиент на банката, рече сопственикот на Еуростандард банката, Трифун Костовски, на денешната прес - конференција на која ја обвини  Народна банка за смислено сценарио за стечај. 

Имало заинтересиран инвеститор за купување на Еуростандард банка, и за него само се знае дека е компанија формирана во Дубаи.

На денешнта прес конференција Трифун Костовски рече дека главниот виновник за тоа што банката западна во ваква тешка состојба, е поранешниот претседател на Управниот Одбор, Николче Петковски, кој долги години беше на кормилото на банката.

„Кога и после долго време ќе го прашав - каде се парите што пропаднаа, тој ми вели дека се во банката, но јас не можам да ги најдам тие пари во банката. Ги нема ниту на сметка во банката, ниту во трезор, ниту никаде. Не може да ги нема парите, а да не пропаднале“, обвини Костовски.

Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски, вели дека не знае дали и какви интереси стојат зад ненадејната и за него шокантната и повеќе од избрзана одлука на Народна банка на Македонија да и ја одземе дозволата за работа на Еуростандард банка и за неа да побара стечај пред надлежниот суд.

И ДЕНЕС ПОВЕЌЕ ОЗДРАВЕНИ ОД ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-38, Куманово-19, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-4, Тетово-20, Струга-9, Велес-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-4, Гостивар-13, Струмица-2, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-2, Валандово-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-5, Кичево-8, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од: Скопје-117, Куманово-34, Дебар-60, Штип-18, Прилеп-5, Тетово-32, Кавадарци-5, Гостивар-42, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-3, Македонски Брод-1, Берово-1, Виница-1, Свети Николе-16, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-3. 

Починати се три пациенти, два пациенти од Скопје (60г. и 72г.) и пациентка од Гостивар (53г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Општеството, системот на вредности, традицијата, менталната матрица на една индивидуа се фактори кои влијаат на тоа децата доцна да заминуваат од домот на родителите.

За купување на Еуростандард банка бил заинтересиран сериозен инвеститор, дознава Фактор од банкарски кругови. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија Марко Бислимоски остварил телефонски разговор со Јанез Копач, директорот наСекретаријатот на Енергетската Заедница со седиште во Виена.

Еуростандардбанка не најде инвеститор на кој банката би се продала, а кој би бил реално и издржано решение за нејзина одржливост на долг рок.

До Јавното обвинителство денеска стигна владиното барање за кривичен прогон на фирмите кои зедоа државна помош, а не им ги исплатија платите на работниците за кои всушност ја зедоа помошта, потврдија за Фактор од Јавното обвинителство.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП