18 Февруари, 2025
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП И ДЕНЕСКА Е ТОП ТЕМА

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет на извршни наредби на крајот од неговата инаугурација во арената Капитал Уан во Вашингтон, пред да биде однесен во Белата куќа каде продолжи да потпишува.

Подолу е списокот на сите прописи што Трамп ги потпиша по церемонијата:

Укинување на правото на државјанство по раѓање

Наредба: Покрај серијата наредби насочени кон имиграцијата, Трамп цели на автоматско државјанство за деца родени во САД на имигранти кои се илегално во земјата, што ќе стапи на сила за 30 дена.

Откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп ја повтори идејата за враќањето на Панамскиот канал, денеска жителите на оваа земја протестираа и запалија американско знаме, но и слики од Трамп. На едно видео имаше и луѓе кои со стапови ја тепаа куклата на Трамп. Тие му порачаа на Трамп дека Панамскиот канал не е на продажба. 

Русија е против идејата на Трамп. 

НА ОНКОЛОГИЈА ПОВТОРНО НЕМА БИОЛОШКА ТЕРАПИЈА

Лекови од суштинско значење, како „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“, недостасуваат на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Пациентите во изјава за МИА информираат дека моментално нема биолошка терапија, што го зголемува нивниот страв за можен недостиг и на други лекови, како „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“.

- Клиниката за онкологија не е во можност да одговори на зголемувањето на бројот на пациентите со метастатски канцери и тоа е една од причините зошто се појави овој недостаток.

УЧЕНИК ПАДНАЛ ОД ТРЕТИ КАТ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ПРИЛЕП

Ученик на 11-годишна возраст се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од прозор од трет кат во основното училиште  “Гоце Делчев” во Прилеп,пренесуваат локални медиуми.

Поради сериозноста на повредите, момчето е препратено од прилепската болница “Борка Талески” на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

МИНИМАЛНАТА КОШНИЧКА ПАК СЕ ЗГОЛЕМИЛА

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија кој денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти. 

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и пијалоците се зголемени за 10,43 проценти што значи дека инфлацијата не е 3,5 проценти како што покажуваат статистичките податоци, туку над 10 проценти. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Една компанија остана без лиценца за вршење дејност управување со станбени згради во текот на минатата година, додека на три компании им е продолжена лиценцата. Во текот на минатата година исто така се издадени две нови лиценци за управители на станбени згради, вратена е лиценцата на едно правно лице, додека на друго му истекол рокот на важноста на лиценцата.

Вредноста на донацијата што ТВ „Сител“ ја додели на ФГ „Силекс“ во 2023 година е повисока за 85% од донацијата што им ја доделиле една година претходно. ФК „Силекс“ на донаторот му заблагодари така што го освои четвртото место во Првата македонска фудбалска лига

Нови блокови и големи истргувани количини и на редовниот пазар со акциите на Комерцијална банка се случуваат на Македонската берза.

Голема количина акции на една од најреномираните банки во земјава, УНИ Банка, беше продадена во текот на вчерашниот ден преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.

Откако деновиве медиумите објавија дека уметникот Златко Крстевски од Прилеп живее без струја и во тешки услови, ги прашавме граѓаните дали ја ценат уметноста, дали за истата се спремни да платат, дали и кога последен пат купиле или добиле уметничка слика на подарок. 

Можеби ќе ве интересира

СРЕДБА ВО САУДИСКА АРАБИЈА: Каква судбина кројат за Украина?

СРЕДБА ВО САУДИСКА АРАБИЈА: Каква судбина кројат за Украина?

ДУДА ИМ ПОРАЧА НА СОНАРОДНИЦИТЕ ДА БИДАТ МИРНИ: Добил важни гаранции од САД

ДУДА ИМ ПОРАЧА НА СОНАРОДНИЦИТЕ ДА БИДАТ МИРНИ: Добил важни гаранции од САД

НЕБЕНЗЈА ГИ ОТКРИ АПЕТИТИТЕ НА РУСИЈА: Сакаат уште украински територии?

НЕБЕНЗЈА ГИ ОТКРИ АПЕТИТИТЕ НА РУСИЈА: Сакаат уште украински територии?

РУБИО: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите

РУБИО: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите

ЗАВРШИЈА АМЕРИКАНСКО-РУСКИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА: разгледани сите прашања

ЗАВРШИЈА АМЕРИКАНСКО-РУСКИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА: разгледани сите прашања

НЕВЛАДИНИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ СО АПЕЛ ДО ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: „Давајте итно пари за да се надомести загубата од американските, мора да се спасува демократијата“

НЕВЛАДИНИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ СО АПЕЛ ДО ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: „Давајте итно пари за да се надомести загубата од американските, мора да се спасува демократијата“

ОТКРИЕНО КАДЕ Е ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕГОВАРААТ СО РУСИТЕ: Украинскиот претседател не е поканет во Ријад, еве што ќе направи

ОТКРИЕНО КАДЕ Е ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕГОВАРААТ СО РУСИТЕ: Украинскиот претседател не е поканет во Ријад, еве што ќе направи

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија