12 Септември, 2024
0.0275

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Суспендиран шефот на обезбедувањето на Гаши, поднесена е и кривична пријава

Објавено во: Македонија 05 Август, 2024

Добивај вести на Viber

КРИВИЧНА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ГАШИ

Шефот на обезбедувањето на собранискиот претседател Африм Гаши, Сабедин Синани,  доби кривична пријава и суспензија од работното место за инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром кој се случи пред неколку дена. 

По истрагата на Внатрешната контрола на МВР е утврдено дека Синани кој е началник на одделот за лично обезбедување на Гаши, постои основи на сомневање дека ги сторил кривичните дела „Загрозување на сигурноста“ и „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“. За другите двајца полицајци кои го придружувале Синани на аеродромот е поднесен Предлог за постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ДУИ СПРЕМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Имаме информации дека ДУИ за да го заштити капиталот кој го таложеше ќе предизвика дестабилизација,  вели премиерот Христијан Мицкоски. 

Кажа дека тие информации се од повеќе канали. 

„Ние како Влада имаме полно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритет, како и мирот на граѓаните. Тоа практично е и целта на една држава. Очекуваме тоа да се случи оваа есен, врз основа на тие информации кои што ги имаме, но да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или информациите нема да бидат точни“, рече Мицкоски.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека сите информации за можна дестабилизација, премиерот Христијан Мицкоски треба да ги сподели со институциите. 

Од ДУИ велат дека ќе ги преземат сите демократски мерки за да го спречат понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали.

ПОЖАР БЕСНЕЕ КАЈ МАКЕДОНСКИ БРОД

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

И луѓето кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок. Ова властите го најавија пред неколку дена. 

Профитот можеби е малку „чепнат“ во однос на истиот период од минатата година, ама тоа не треба никого да вознемири. Напротив, финансискиот резултат на челичарскиот гигант во земјава „Макстил“, е бројка која е сосема солидна, особено ако се има предвид во какви услови е остварена, но и поради фактот што во голем дел се дожи на нови инвестиции, кои треба да обезбедат стабилен бизнис во иднина.

Една од најуспешните европски компании за производство на сокови, австрискиот гигант „Раух“ (Rauch Fruchtsafte GMBH), сака да стекне самостојна контрола врз македонската компанија „Вита-рес“, соопшти Комисијата за заштита конкуренцијата.

РЕК Битола ќе плати над 9 милиони евра за специјализирана работна рака која треба да работи на ремонтни активности на трите блока во најголемиот производител на струја во Македонија. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жителите на Галате сакаат мирно решавање на проблемот со црквата, градоначалникот за тензиите обвини лица од други општини

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Жителите на Галате сакаат мирно решавање на проблемот со црквата, градоначалникот за тензиите обвини лица од други општини

ТОШКОВСКИ: Политички лешинари, преку црквата во Галате, предизвикуваат меѓуетнички тензии

ТОШКОВСКИ: Политички лешинари, преку црквата во Галате, предизвикуваат меѓуетнички тензии

СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРКА: Полицијата приведе маж од Тетово

СЕ ЗАКАНУВАЛ НА НОВИНАРКА: Полицијата приведе маж од Тетово

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВРАПЧИШТЕ: Tензиите во Галате ги предизвикаа луѓе од соседните општини

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВРАПЧИШТЕ: Tензиите во Галате ги предизвикаа луѓе од соседните општини

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА: Што ќе значи ова за општините кои останаа со в.д. градоначалници?

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА: Што ќе значи ова за општините кои останаа со в.д. градоначалници?

ЛАЗАР НАНЕВ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА СЕДНИЦАТА: Имал 95 телефонски повици со обвинет во случајот кој го судел

ЛАЗАР НАНЕВ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА СЕДНИЦАТА: Имал 95 телефонски повици со обвинет во случајот кој го судел

СПАСОВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО ГАЛАТЕ: Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето

СПАСОВСКИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО ГАЛАТЕ: Сметам дека е неоправдано и го осудувам приведувањето

ФИЛИПЧЕ ЌЕ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД МИЦКОСКИ - тврди дека нема разлика во имотот кој го пријавил во анкетниот лист

ФИЛИПЧЕ ЌЕ БАРА ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД МИЦКОСКИ - тврди дека нема разлика во имотот кој го пријавил во анкетниот лист

ПРОНАЈДЕНО Е МОМЧЕТО ПЕТАР, ЗА КОЕ СЕ СПОДЕЛУВАШЕ АПЕЛ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ: Семејството бараше помош за негово пронаоѓање

ПРОНАЈДЕНО Е МОМЧЕТО ПЕТАР, ЗА КОЕ СЕ СПОДЕЛУВАШЕ АПЕЛ ЗА ПРОНАОЃАЊЕ: Семејството бараше помош за негово пронаоѓање