15 Јуни, 2021
0.0215

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стигнаа 100.000 кинески вакцини, бројот на заразени со коронавирусот се намалува

Објавено во: Македонија 15 Мај, 2021

СТИГНАА КИНЕСКИ ВАКЦИНИ ВО ЗЕМЈАВА 

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини во Македонија. 

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото. Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Кина.

На кутиите од донацијата пишува „Пријателот во неволја е поблизок од брат“. 

„100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата“, нагласува министерот.

Тој во објавата повторно порача дека вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата, и не само кај нас, туку насекаде во светот.

Вчера стигнаа нови дози од Астра Зенека. 

ДЕНЕС ИМА 112 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 30, Куманово – 13, Кичево – 8, Битола – 7, Радовиш – 6, Охрид – 5, Прилеп, Кочани и Македонска Каменица – по 4, Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово – по 3, Штип и Неготино – по 2, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово – 1.

Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од:

Скопје – 924, Куманово – 189, Битола – 166, Прилеп – 137, Тетово – 97, Охрид – 94, Велес – 76, Кичево – 65, Гостивар – 60, Штип – 55, Кавадарци – 43, Ресен – 41, Гевгелија – 28, Струмица и Струга –по 26, Неготино – 24, Кочани – 23, Делчево – 18, Свети Николе – 17, Виница и Демир Хисар – по 14, Радовиш – 9, Крива Паланка, Богданци и Крушево – по 8, Македонска Каменица и Валандово – по 3, Пробиштип – 2, Демир Капија – по 1

Пријавени се вкупно 13 починати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г). Од пријавените, 6 се починати во домашни, а останатите 7 лица во болнички услови.

ПРОТЕСТ ПРОТИВ РЕФОРМИТЕ НА ЦАРОВСКА

Во повеќе градови денеска во организација на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се одржаа протести против новите реформи во образованието. 

Тие се против донесувањето на новиот Законот за учебници за основно и средно образование, со кој се предвидува дигитализација на учебниците. Учесниците на протестот бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи.

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, велат дека причината поради која се користи ова право, не е оправдана. 

СИТЕ ОЧИ СЕ ВПЕРЕНИ КОН ПОЈАСОТ ГАЗА

Хамас повторно го ракетираше Тел Авив. Израел возврати на ударот. 

Во новите воздушни напади врз Газа, Израел демолираше шесткатна станбена зграда во Газа за која се тврди дека му припаѓа на Хамас.

Најмалку 83 лица се убиени во Појасот Газа од понеделникот.

Јомна Ал Сајед, новинарка на Al Jazeera, известуваше во живо од покривот во Појасот Газа кога во израелски воздушен напад беше срамнета со земја зграда од 14 ката наспроти неа.

Неколку моменти пред нападот, новинарката рече дека штотуку биле истрелани неколку ракетни предупредувања и дека сега треба да започне уривањето на целата кула Ал-Шарук.

Можеби ќе ве интересира

Ќе се измени протоколот за организирање свадби

Ќе се измени протоколот за организирање свадби

Приведени двајца Грци кои дивееле во Битола

Приведени двајца Грци кои дивееле во Битола

Мухарем Асани е новиот заменик директор на Царинска управа

Мухарем Асани е новиот заменик директор на Царинска управа

Од полноќ нема веќе полициски час

Од полноќ нема веќе полициски час

Инфраструктурни проекти ќе се реализираат во 23 општини

Инфраструктурни проекти ќе се реализираат во 23 општини

ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ ЈА ИСПРАТИ ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ПОРАДИ КОВИД: Директорот Сеад Зејнел ексклузивно за Фактор

ИНСТИТУТОТ ЗА ТБЦ ЈА ИСПРАТИ ПОСЛЕДНАТА ПАЦИЕНТКА ХОСПИТАЛИЗИРАНА ПОРАДИ КОВИД: Директорот Сеад Зејнел ексклузивно за Фактор

Македонија регистрира 29 нови заразени со коронавирусот, а починати денес нема

Македонија регистрира 29 нови заразени со коронавирусот, а починати денес нема

НЛБ Банка и Одбојкарска федерација во заедничка битка за европската иднина на македонската одбојка

НЛБ Банка и Одбојкарска федерација во заедничка битка за европската иднина на македонската одбојка

Шилегов ќе го брани Град Скопје во рочиштето против сопственикот на Галијата

Шилегов ќе го брани Град Скопје во рочиштето против сопственикот на Галијата