28 Март, 2024
0.0274

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот, денес има 74

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

ЗА 24 ЧАСА ИМА 74 ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: 

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: 

Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1. 

Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово - 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1. 

Регистрирани се две починати лица еден од Скопје и еден од Кичево. Двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови. 

БУГАРИЈА РЕАГИРА ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА

Бугарите се разочарани од македонските „црвени линии“. 

Бугарија е разочарана од Резолуцијата која е изгласана вчера во Македонија за „црвените линии“ во преговорите. 

Источниот сосед со жалење констатира дека таа доаѓа во моменти кога дијалогот меѓу Софија и Скопје, како резултат на вложените дополнителни напори, почнал да преминува во попозитивна и ветувачка фаза. Ова е наведено во официјалната реакција од Министерството за надворешни работи на Бугарија. Внимателно ќе ја анализираат содржината и од гледна точка на нејзината усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, но и во однос на нејзиното потенцијално влијание врз дијалогот меѓу двете земји.

„За Бугарија е целосно неприфатливо со вакви акти да се мотивира или да се оправдува неисполнување на Договорот од 2017 година, што би било спротивно на принципите на меѓународното право“, додаваат од бугарското МНР.

СДСМ ОБЈАВИ УШТЕ ЧЕТИРИ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Социјалдемократите вчера на Извршен одбор искристализирале уште пет имиња кои ќе бидат нивни сигурни кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, кои ќе се одржат на 17 октомври.

Се изнедриле имињата на Ѕвонко Пекевски за Берово, Борис Георгиевски за Гази Баба, Јасмина Гулевска за Могила, Тони Делков за Неготино, како и на Даниел Крстевски за општина Ранковце. 

„Ова се кандидатите кои според сите истражувања, анализи и испитувања на јавното мислење се најдобрата понуда за општините Берово, Гази Баба, Неготино, Могила и Ранковце, соопшти претседателот на СДСМ Зоран Заев преку својот ферјсбук профил.

Процесот на селекција на кандидатите за градоначалници продолжува до крајот на август, до кога се очекува негово целосно заокружување.

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ТОПЛОТЕН БРАН

Скопската зоолошка градина се најде во фокусот на вниманието на Ројтерс. 

-Дел од прилогот на светската новинска агенција Ројтерс за жешкиот бран кој деновиве го зафати Скопје. Животните како и луѓето имаат потреба од освежување во овие прежешки денови, наведуваат во објавата од ЗОО-Скопје.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Поради климатските промени, во иднина ќе имаме повеќе топлотни бранови, повеќе пожари, а помалку врнежи. Сушите ќе бидат почести и ќе има потреба од често наводнување на земјоделските површини.

Јавното претпријатие за железнички транспорт, МЖ Инфраструктура, распиша оглас за 30 нови вработувања.

Ист Гејт Мол наговестува ново освежување за Скопје, но и за целата земја, преку понуда на уникатно шопинг искуство за посетителите и за уживателите во добрата храна.

Може ли предизборните коалиции да бидат клуч за победа на претстојните локални избори? Времето за партиски договори е се помало, а дел од кандидатите веќе ја започнаа теренската кампања за да ги запознаат граѓаните. 

Катализатори на растот на добивката се: останатите приходи (продажба на движен и недвижен имот) и солидниот раст на приходите од провизии и надоместоци. 

„Стопанска банка Скопје“ единствена од големите ривали (групата од три најголеми банки) ги зголеми нето приходите од камати.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија