29 Март, 2024
0.0282

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се предлага полицискиот час да почнува од 24 часот, маските остануваат

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

ПРЕДЛОЖЕНО Е ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ДА ПОЧНУВА ОД 24 ЧАСОТ

Главниот координативен кризен штаб го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата, намалување на бројот на хоспитализирани лица и бројот на заразени лица, за утрешната седница на Владата се препорачуваат следните мерки за усвојување:

Почнувајќи од 12 мај 2021 година, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24:00 часот до 05:00 часот.

Соодветно на ова, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.

Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.

Наменскиот протокол за згрижени деца во детските градинки да се измени, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.

ОСТАНУВА ОБВРСКАТА ЗА НОСЕЊЕ НА МАСКИ

На прашањето до министерот за здравство, Венко Филипче, дали ќе се размислува за да се тргне обврската за носење на маски на отворено, особено кај ревакцинираните лица, министерот рече дека Комисијата за заразни болести смета дека се уште е рано за таква препорака. 

„Ние утрово разговаравме на Комисијата за заразни болести. Но, препораките треба да се почитуваат и натаму. Викендов бевме сведоци дека огромен број на граѓани, веројатно и заради тоа што е топло времето, веќе маските не ги носат. Сеуште сметаме дека е рано да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено. Така што, како ќе се зголемува бројот на вакцинирани, и како што се намалуваат бројките на новозаразени, тенденција која се надевам дека ќе продолжи, веројатно и тоа ќе дојде како мерка која што ќе се попушти.

ДЕНЕСКА ИМА 25 ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.016 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје – 15, Куманово – 4, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Виница – по 1.

Регистрирани се 408 оздравени пациенти од:

Скопје – 160, Прилеп – 38, Струмица – 30, Битола – 28, Охрид – 25, Куманово – 15, Штип и Струга – по 13, Велес, Кавадарци и Кочани – по 9, Свети Николе – 8, Виница – 6, Гевгелија и Неготино – по 5, Тетово, Гостивар и Дојран – по 4, Крива Паланка, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 3, Кичево, Пробиштип, Крушево и Пехчево –по 2, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (61г, 65г, 71г, 74г, 76г и 80г), 2 лица од Тетово (69г и 82г) и по 1 починато лице од Битола (85г), Охрид (79г), Куманово (55г), Кавадарци (83г), Гостивар (77г), Кичево (72г), Радовиш (62г) и Делчево (72г).

ГАК ДАДЕ ДЕТАЛИ ЗА ПОЧИНАТАТА ПАЦИЕНТКА

За случајот на починатата пациентка од Охрид, министерот за здравство, Венко Филипче денеска рече дека доцна синоќа прочитал за случајот, а денеска ќе биде спроведен надзор преку Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Инаку, според објавите на социјалните мрежи, пациентката починала на Клиниката за гинекологија и акушерство, од рутинска операција на миом. 

„Ќе иницираме соодветен надзор преку Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а доколку е потребно, и стручен надзор“, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција.

МОМЧЕ ПОЧИНА ОТКАКО ПАДНА ОД БАЛКОН ВО ОХРИД

Трагедија се случила утрово во охридската населба Воска. Полицијата потврди дека младо лице на 25-годишна возраст смртно настрадало при пад од балкон од трети кат на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во оваа населба.

Докторите од Итната медицинска помош само констатирале смрт, а на лице место е извршен и увид.

БОНЕВА ТВРДИ ДЕКА ДОЖИВЕАЛА ДЕВЕТ СООБРАЌАЈКИ 

Поранешната пратеничка Силвана Бонева, обвинета во „Друмарина“, денес објави дека во периодот од 2011 до 2015 доживеала девет сообраќајни незгоди и дека тоа на судското рочиште го искористила како покритие дека интензивно патувала додека била народен избраник во Собранието.

„Денес се изведуваат доказите на обвинителството меѓу кои имаше 53 фактури и тоа само од еден овластен сервис, кои го потврдија континуираното мое патување, поправките и сервисирањата на моето возило, вклучувајќи ги и поправките по 9те сообраќајки што ги доживеав во периодот 2011-2015.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Тетекс“ се покажа како одличен инвеститор. Иако „кор бизнисот“ е речиси зграснат компанијата има одлични или пристојни приходи од своите вложувања и тоа му овозможува да дели дивиденди на свооите акционери.

Беше претседател на партискиот подмладок на СДСМ, а до неодамна јавноста го памети како прв човек на Агенцијата за млади и спорт. Сега е народен избраник во законодавниот дом од најголемата владејачка партија. Дарко Каевски, во интервју за Фактор, децидно тврди дека неговата партија е демократска и во неа има разлики на мислења и ставови, но во никој случај нема да се случат фракции, крила, или масовни напуштaња.

Нема свадби, веселби, учениците следат настава онлајн, а опасниот вирус ги принуди многу од работниците да работат од дома.  Поради пандемијата на коронавирусот се намали и потрошувачката на облека.

Нето-увозот на електрична енергија лани изнесувал огромни 31,38 отсто од потрошувачката, објави Регулаторната комисија за енергетика во својот последен годишен извештај. Тоа е голема разлика во однос на изминатите две години кога интервентниот увоз бил 24,39 во 2019 и 26,02 во 2018. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница